НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се кријат на очигледно место: Зошто бараните шефови на сицилијанската мафија често ги наоѓаат толку блиску до дома?

0
By Ана Василевска on March 9, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Сликата на Матео Месина Денаро објавена во 2010 година, пред неговото апсење
Сликата на Матео Месина Денаро објавена во 2010 година, пред неговото апсење
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сицилијанската мафија изгуби многу криминална моќ. Во денешно време тие повеќе не доминираат со трговијата со дрога, а со тоа  изгубија и многу пари. 

Матео Месина Денаро, „последниот кум“ треба да се појави пред судот во Аквила во четврток, каде што ќе поднесе жалба на доживотната затворска казна за убиството на мафијашкиот обвинител во 1992 година.

Неговото апсење, триесет години по неговата пресуда, покрена неколку прашања. Иако со децении беше на листата на „најбарани“ во Италија, на крајот полицијата навистина не мораше да оди далеку за да го пронајде.

Тој бил фатен во неговата родна Сицилија, уапсен пред медицинска установа, во која редовно одел без да користи некоја посебна мерка на претпазливост или маскирање, освен лажни документи.

Тој беше познат во градот. Дома полицијата пронашла сметки од ресторан. Очевидци велат дека одел во супермаркет. Тој беше надвор и наоколу, но никогаш не застана и го бараа до 16 јануари 2023 година.

Еуроњус ја праша Ана Серџи, професорка по криминалистика и организиран криминал на Универзитетот во Есекс, како е тоа можно.

Ана Серџи
Ана Серџи

Со пари не може да се купи престиж

„Прво и најважно“, вели Серџи, „за некои генерации мафиози, како Матео Месина Денаро, општественото признание е поважно од парите. Тоа е прашање на гордост. Ако избегате и ја напуштите вашата родна територија, вашата репутација ве напушта и вас. Тоа е навистина и целосно дел од мафијашкиот начин на живот. Бегањето во Бразил или Карибите не би било автентично за нивните карактери. Исто така, поставувањето заштитна мрежа во странство е поскапо и покомплицирано. Се разбира, тие секогаш можат да сметаат на големи суми готовина и логистичка поддршка таму, но не е баш исто“.

Маѓепсан круг на моќ и општествено признание

„Затоа сите криминални системи слични на мафијата треба да создадат врска со нивната територија. Тие го прават тоа преку изнуда и страв. Тие работат цел живот за тоа, и со тоа го испреплетуваат својот идентитет со територијата. Луѓето од дома, знаете кои се тие, бидејќи мафијата изгради атмосфреа на заплашување и согласност. Исто така, со откажување од територија, се откажувате и од власта. Само размислете за трговијата со дрога“.

Дали и другите криминални организации ги кријат своите водачи дома?

„Во некои случаи, да. Се сеќавам на случајот на водачот на мексиканскиот картел, Назарио Морено Гонзалес, за кој се претпоставуваше дека е мртов кога, всушност, беше жив и дома. Тој остана таму бидејќи се чувствуваше заштитен“.

Како го објаснувате фактот дека големите италијански кралеви можат да бидат на слобода со децении пред да бидат фатени?

„Италија, или, поточно, Сицилија, дефинитивно го има рекордот во таа смисла. Но, имајте на ум дека да се оди по овие луѓе е неверојатен скап предизвик за една држава. А Италија потроши милиони и милиони на тоа. На друго место, криминалците можат си дозволуваат да не исчезнат целосно, бидејќи знаат дека државата на крајот ќе се откаже. Некои од нив се пронајдени мртви дури и пред полицијата да дојде до нив. Значи, рекордот на Италија е исто така рекорд во однос на потрошените пари“.

Се чини дека големите мафиози уживаат одредено ниво на заштита. Како генерално функционира мрежата?

„Тоа е нешто што го активирате на различни нивоа и степени. Прво треба да имате некој кој секогаш знае каде сте, а ако сте живи, тоа е основната работа. Потоа има повисоки нивоа на заштита. На пример, за да ги спречите органите на прогонот да дојдат премногу блиску до вас,  тоа вклучува повторливи плаќања кои мора да излезат од банкарски сметки над секој осомничен. Во случајот на Месина Денаро, сестра му помагала. Всушност, таа беше уапсена пред неколку дена. Таа ги чуваше книгите на кланот“.

Потоа, тука е секојдневната рутина, која е особено важна за најстарите шефови, бидејќи тие веќе не се самоодржливи , на пример да се грижат за куќата или дури и за нивната храна. Мора да бидете сигурни дека тие секогаш се хранат и добро јадат, затоа што секако сакаат да јадат добро. И мора да бидете сигурни дека тие имаат безбедно скривалиште, место кое поминува незабележано и не може да им се следи“.

„Дури и плаќањето на сметките за гас или електрична енергија бара посебни претпазливост и процедури. Ако ги правите сите овие работи на место што веќе многу добро го знаете, полесно е“.

Дали некој ќе го заземе местото на Матео Месина Денаро сега кога е во затвор?

„Сосема веројатно е така, и јас не би била изненадена доколку органите на редот веќе го идентификуваа тоа лице. Но, генерално кажано, италијанската мафија беше во криза дури и пред апсењето на Месина Денаро“.

„Она што мафијата навистина го загуби со апсењето на Матео Месина Денаро е „митолошкиот“ етос на организацијата. Тие беа горди што нивниот шеф беше во бегство толку долго.

Кога велите дека мафијата е во криза, мислите на воена криза, криза на престиж или финансиска криза?

„Сите овие работи заедно. Во 90-тите, сицилијанската мафија беше сериозно оштетена не само од државата, туку и од постапките на нејзиниот сопствен шеф Тото Риина, чија визија за мафијата на крајот навистина не ѝ беше од корист на организацијата“.

Во раните 90-ти, Риина започна сеопфатна војна против државата, водејќи неколку бомбашки напади низ Италија, кои однесоа десетици животи. Тој се обидуваше да го возврати ударот и да ја скрши државната репресија против организацијата, но тоа имаше контраефект. Потоа беше уапсен во 1993 година.

Тото Риина зад решетки во Рим на 29 април 1993 година
Тото Риина зад решетки во Рим на 29 април 1993 година

„Сицилијанската мафија изгуби многу криминална моќ. Во денешно време тие повеќе не доминираат со трговијата со дрога, а со изгубија и многу пари“.

„Тие сè уште перат пари на пазарот на енергија од ветер, на пример, или во угостителскиот сектор, но воената страна на сицилијанската мафија повеќе не е доминантна, бидејќи дојде  до самоуништување на организацијата. Да, старите семејства сè уште постојат и имаат одредена моќ на територијата, но тоа е главно локална сила“.

Извор Еуроњус

Апсења на сицилијанската мафија Матео Месина Денаро Сицилијанска мафија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.