Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се набавувале вакцини со покус рок на траење-Министерството за здравство не реагирало

0
By Нова ТВ on June 21, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 21, 2019 15:41

Министерството за здравство набавило вакцини за деца од редовниот календар за имунизација кои имале  рок на траење за една година пократок од тој што бил наведен во фактурите од  страна на добавувачот, се вели во најновиот Извештај на Државниот завод за ревизија, кој се однесува на 2017 година. Иако ова е влезено во записникот за прием на МЗ и Агенцијата за лекови, Внатрешната контрола на Министерството за здравство не ја забележала утврдената состојба и не биле преземни мерки за да се спречи дистрибуцијата на овие вакцини.

Набавката на вакцините во вредност од 15.280 000 денари одела преку Министерството за здравство и Агенцијата за лекови при што во записникот за прием е наведен рок на траење кој е за една година пократок во однос на наведениот рок на траење на вакцините наведен во фактурата од добавувачот, но никој во Министерството за здравство не реагирал на тоа. Се ова се случува во време на осетлива ситуација кога родителите одбиваат да ги вакцинираат своите деца поради страв од вакцините, се вели во Извештајот.

Ревизорите нагласуваат дека со ова се губи довербата кај граѓаните и допринесува за намалување на процентот на имунизација кај децата.

„Утврдената состојба не е забележана од страна на внатрешната контрола на Министерството за здравство и во услови кога довербата во сигурноста на вакцините кои ги набавува МЗ во јавноста е намалена, ваквите состојби придонесуваат за негативни реакции во јавноста и дополнително намалување на нискиот процент на имунизација кај населението“, се вели во Извештајот на ДЗР.

Нема објаснување дали ова се случувало и претходно.  Во јануари годинава родители реагираа дека во пунктовите на децата им се даваат вакцини против морбили кои се пред истек на рокот на траење. Иако министерот Филипче се правдаше дека се работи за техничка грешка, односно за погрешни декларации на 60-тина пакувања, инспекциската контрола во вакциналните пунктови откри повеќе од 600 пакувања од вакцини на кои имало декларации со поминат рок на траење.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.