Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се намалува бројот на нови случаи со Ковид-19, остануваат апелите за почитување на мерките

0
By Нова ТВ on December 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Последниве денови полека се намалува бројката на новодијагностицирани случаи позитивни на коронавирус, но и бројот на лица кои се на болнично лекување. Се регистрираат и голем број оздравени лица, често пати повеќе од бројката на новозаразени. Но, сепак, и покрај ваквата тенденција на благо смирување на пандемијата, речиси секојдневно се регистрираат по дваесеттина починати. Надлежните постојано апелираат на почитување на заштитните мерки и препораки, особено во пресрет на претстојните новогодишни и божикни праници. Се интензивираат апелите за совесно прославување, без големи групирања и загрозување на јавното здравје.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера изјави дека МВР има посебен оперативен план како ќе постапува за време на празниците, а тоа значи дека секаде и во секој момент ќе има полициски службеници кои ќе вршат контрола дали обврските се почитуваат и дали некој придонесува за нарушување на состојбата со ширење на вирусот. Тој рече дека полицијата ќе постапува по пријава или по сознание, кое го добила.

– Ако се утврди дека навистина се случува организиран настан, се известува Јавниот обвинител и постапуваме врз основа на законот, појасни Спасовски.

Одговорно и посветено, рече тој, ќе постапуваме и за новогодишната ноќ и апелираше уште еднаш до граѓаните да прославуваат одговорно, зошто, како што потенцира, сите заедно треба да придонесеме да спречиме ширење на вирусот.

– Секој кој нема да ги почитува мерките, без разлика дали се работи за сопственик на вила за издавање или е граѓанин, кој учествува во такви настани, ќе бидат поднесени кривични пријави со кривична одговорност, бидејќи го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните, подвлече Спасовски. Министерот за внатрешни работи информира дека полицијата деновиве растурила неколку забави.

– Во саботата се случи растурање на забава во Волково, при што беа приведени 29 лица. Ист таков настан имаше во Куманово, каде што беше растурена семејна веселба. Така што, одговорно и посветено ќе постапуваме и за новогодишната ноќ. Апелирам уште еднаш до граѓаните да прославуваат одговорно. Сите заедно треба да придонесеме да спречиме ширење на вирусот, потенцира Спасовски.

Министерството за здравство вчера информира дека во последните 24 часа се направени 1253 тестирања, а регистрирани се 296 нови случаи на инфицирани со коронавирусот. Починати се 18 лица, а оздравени 511 пациенти. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците низ земјава е 1036, од кои во Скопје се 426.

Во ковид-центите има околу 320 празни болнички кревети . Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81721, бројката на оздравени пациенти е 59231, на починати е 2445, а бројот на активни случаи изнесува 20045.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.