Истанбул и Анкара повторно запаѓаат во хаос по објавата за смртта на 15 годишно момче тешко повредено за време на минатогодишните протести. Веста мобилизираше илијадници демонстранти да излезат повторно на улиците за да го искажат својот револт.
15 годишниот Берик Елван стана случајна жртва на протестите во јуни минатата година , кога тој беше погоден од канистер за солзавец. Берик тогаш излегол надвор од дома за да купи леб по што случајно бил погоден во главата. Од ударот паднал во кома. Во вторикот беше објавено дека тој подлегнал на повредите по осумесечната борба за живот.
Како што јави Ројтерс , демонстрантите во Анкара и Истанбул извикуваат: “. Владата на Ердоган, владата за корупција , поднесете оставка ” . Полицијата се обидува да ги растури демонстрантите со водени топови.