Власта и опозицијата во Собранието разменија високи тонови за новиот предлог- закон за земјоделско земјиште.
Според опозицијата, со законот земјоделците ќе останат без земја и токму заради тоа, побара од владата веднаш да го повлече законот од процедура. Предупредија дека носењето на овој закон ќе овозможи земјиштето да заврши во рацете на моќниците, а вистинските земјоделци ќе останат без основниот извор на егзистенција.
Власта излезе со аргументот дека законот е во корист на земјоделците и оттука, ќе добијат можност да ја купат земјата.
Дел од земјоделците сметаат дека новото решение нема да им помогне да го добијат своето парче земјоделско земјиште. Она што е спорно е дозволената пренамена на земјиштето во градежно по 8 години, начинот на јавното наддавање при продажба, како и плаќањето на земјата.
Новиот предлог- закон се носи по скратена постапка, без прво читање, што е недозволиво- реагираа опозицијата, земјоделците и експертите.