Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се отвора Центар за дејствување во време на епидeмии и вонредни ситуации

0
By Нова ТВ on August 6, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пандемијата на КОВИД-19 ја реафирмира итната потреба од брзи, делотворни и стратешки информации за епидемиите и здравјето, како и потребата од колаборативни механизми што ќе можат да им помогнат на субјектите што работат во полето на јавното здравје во Северна Македонија.

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Северна Македонија го отвараат новиот Центар за дејствување во услови на епидемии и други јавно-здравствени вонредни ситуации во Скопје. Овој центар ќе обезбедува централизирани информации во реално време, следење на состојбите, известување и совети за тоа како да се постапува  во случаи на настани и вонредни состојби поврзани со јавното здравје, информираат од Министертвото за здравство.

Обединувајќи ја на едно место епидемиолошката стручност од Институтот за јавно здравје, Центарот ќе нуди дигитални решенија за еден систем на рано предупредување со цел навремено известување и детектирање на настани поврзани со јавното здравје. Исто така, Центарот ќе ги подобри надзорот и координацијата меѓу епидемиолозите, лабораторискиот кадар и експертите за јавно здравје од десетте Центри за јавно здравје и 21 подрачна единица во Северна Македонија.

„Ѝ честитам на Северна Македонија за нејзината посветеност кон јакнењето на капацитетите на јавното здравство за борба против КОВИД-19. Овој нов центар е пионерски пример за тоа како СЗО може, во партнерство со националните надлежни органи, да ја зацврстува здравствената сигурност и да собира што повеќе информации релевантни за јавното здравје кои се потребни не само за борба против актуелната пандемија туку и за идните вонредни состојби што може да се случат во годините пред нас”, изјави д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.

СЗО помага околу операционализацијата на Центарот, така што обезбедува технички насоки и еден експерт за јавно здравје кој ќе биде составен дел од националниот тим.

Оваа поддршка ја овозможи организацијата USAID која обезбеди неповратна помош за оваа намена. Заедничката надворешна евалуација на подготвеноста на Северна Македонија и на нејзиниот капацитет за одговор на здравствени вонредни состојби, спроведена минатата година, препорача основање на еден ваков центар.

Центарот ќе придонесе кон изградбата на националниот систем за одговор на здравствени вонредни состојби и кон исполнување на обврските од Меѓународниот здравствен правилник (МЗП, од 2005 година).

„Овој центар за дејствување при здравствени вонредни состојби ќе биде од критична важност за подготвеноста и реакцијата на државата. За време на епидемии, Центарот ќе работи нон-стоп, т.е. 24/7, 365 дена годишно, така што ќе дава поддршка при носење одлуки, тековно работење, поврзување, информирање на населението за ризиците, (пре)распоредување на персонал, колкав број вработени се потребни, логистика и планирање”, изјави министерот Филипче.

За време на настанот, д-р Џихан Тавилах, претставничка на СЗО во Северна Македонија, се осврна на тоа како соработката на СЗО со Министерството за здравство во овој заеднички потфат би можело да ги информира другите земји од Западниот Балкан за тоа како да ги зголемат институционалните капацитети во делот на здравствената сигурност и собирањето информации релевантни за јавното здравје.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.