Во Министерството за образование на Србија, утрово продолжија преговорите помеѓу студентите и министерот Срѓан Вербич за барањата кои се однесуваат на Законот за високо образование.
Како што соопштуваат српските медиуми, тие заеднички се обидуваат да дојдат до решение и да најдат правна формулација за барањата на студентите.
– Министерството е овде да им помогне на студентите, но не може да излезе од правната рамка, изјави Врбиќ, потенцирајќи дека тие се близу постигнување договор.
Претставникот на српските студенти, Данило Јеремиќ ги информираше новинарите дека надлежното министерство е подготвено да им излезе во пресрет на студентите.
– Блиску сме до решение, но нам ни се потребни консултации помеѓу нас, вели Јеремиќ, нагласувајќи дека студентите не отстапуваат од нивните барања и нема да престанат со протестите во понеделник.
Синоќа, група од стотина студенти упадна во зградата на Филозофскиот факултет во Белград и ја „блокираа“ наставата.
Блокадата ќе трае се додека не бидат задоволени нивните барања за намалување на трошоците за студирање.