Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се помалку ковид заразени, се чекаат одлуки за дополнително попуштање на мерките

0
By Нова ТВ on May 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема влошување на епидемолошката состојба по попуштањето на рестриктивните мерки и според здравствените власти треба да останат во сила уште најмалку една недела. Третиот бран од ковид пандемијата стивнува. И вчера, како и во претходните денови, се регистрирани мал број новозарезени, а се намалува и бројката на починати како последица на вирусот. Во вакциналните пунктови продолжи вакцинацијата, а во државава пристигнуваат и дополнителни количини за да се обезбеди континуитет во процесот. Синоќа пристигнаа 38.400  вакцини „Астра зенека“ обезбедени преку Ковакс механизмот, а денеска уште 100 илјади вакцини од кинески „Синофарм“, донација од кинеската Армија.

Новите дози на „Астра Зенека“ ќе бидат наменети за ревакцинација и вакцинација на граѓани над 60 години. Имунизацијата на населението, оцени вчера Филипче, се одвива прилично добро и досега се вакцинирани околу 150 илјади граѓани од кои 30 илјади се веќе ревакцинирани.

Според Филипче, сè уште е рано да се тргне препораката за носење маски на отворено, а за тоа ќе се разговара на почетокот на следната недела на состанок на Комисијата за заразни болести. Првин треба да се тргне препораката за носење маски на отворено, па евентуално да се размислува за тоа вакцинираните со две дози да не носат маски на затворено. Притоа, како што рече, треба да се слуша ставот на експертите.

Доминантен сој на коронавирусот во земјава и натаму е британскиот. -Сознанијата од сите анализи и до сега се дека ниту јужноафриканскиот сој, ниту бразилскиот, по карактеристика не можат да го надминат да доминира над британскиот сој. Тоа ни дава за право да мислиме и да веруваме дека дефинитивно овој бран стивна без разлика што очигледно има поединечни заболени од друг сој на вирусот, изјави вчера Филипче.

Како што најави, на состанок на Комисијата за заразни болести в понеделник ќе се разгледаат барањата  на Независната угостителска комора, кои доставија предлози за работа на угостителските објекти. Меѓу другото од НУК бараат да се укине ограничувањето на работното време, да се дозволи работа во внатрешните делови на објектите и настап на музички групи, како и да се укине препораката на маса да седат само четири лица.

Во моментов, истакна Филипче, нема влошување на епидемолошката состојба заради попуштањето на рестриктивните мерки, но сепак смета дека мерките што во моментов се во сила, треба да останат уште најмалку една недела.

Од епидемиолошката состојба ќе зависи и одлуката за начинот на кој ќе продолжи наставата, односно враќањето на учениците во училиштата, истакна вчера министерката за образование и наука Мила Царовска. Фокус на Министерството за образование и наука, вели, е вакцинација на наставниот кадар. Покрај учителите од прво до трето одделение, имунизацијата продолжува со прва вакцина за преостанатите наставници и професори, како и на одговорните лица за спроведување на матурата. Предвидена е одредена динамика на вакцинирање на наставниот кадар група по група, а преостанува по спроведувањето на матурата да се утврди начинот како ќе се одвива учебната година од септември.

-Моја заложба и на Владата е училиштата повторно да бидат полни со ученици, тоа би сакала уште утре да се случи. Но, значајно е епидемиолошката состојба да се процени и да се почитува стручното мислење на Комисијата за заразни болести. Во моментот кога ќе има официјален став истиот ќе биде изнесен пред јавноста, рече Царовска.

Во претходното деноноќие од направени 1.658 тестирања беа регистрирани 30 нови случаи на КОВИД-19, со што бројот на активни случаи изнесува 5 913, починаа 16 лица, а како оздравени се регистрирани 359 пациенти.

Продолжи да се намалува и бројот на пациенти со Ковид во болниците. На инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава вчера беше пријавено дека се на лекување 586 пациенти, како и дека има околу 860 празни болнички кревети во ковид центрите.

Претходно, поради намалениот број  болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 154.524, на оздравени пациенти е 143.427, а на починати е 5.184.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025

Ерион Велиај е разрешен од функцијата градоначалник на Тирана

September 24, 2025

Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано

September 23, 2025
ФОКУС

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

ВЕСТИ September 24, 2025

Државниот секретар на САД Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, се…

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025

Утврден редоследот на листите на кандидати на гласачко ливче за локалните избори

September 24, 2025

Израелската армија презеде контрола врз поголем дел од Газа

September 23, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025

Ерион Велиај е разрешен од функцијата градоначалник на Тирана

September 24, 2025

Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано

September 23, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.