Подравка денеска објави дека ја повлекува од продавниците конзервата Ева сардина со лук и магдонос од 115 грама, а со рок на употреба до 9 јули 2017 година, јавија хрватските медиуми.
Причина за повлекувањето физичко оштетување на лименките поради што тие можат да напукнат, заклучила внатрешната контрола.
Од компанијата во Копривница велат дека, со цел целосно да ги заштитат своите потрошувачи, веднаш реагирале и почнале со повлекување на спорната серија Ева сардини од продавниците.