Цистерна за нафта се преврте на обиколницата кон Тетово. Во сообраќајката е повреден возачот на цистерната кој е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, ни потврдија од МВР.
До предмалку полицијата вршела увид во сообраќајката и се очекува сообраќајот наскоро да биде нормализиран, откако двете ленти од патот биле блокирани повеќе од еден час.
За среќа, цистерната била празна и во тек е нејзино отстранување од патот.