На продажба е виолината на која свирел водачот на оркестарот Wallace Hartley кој се удави заедно со уште 1500 луѓе кога потона Титаник.
Почетна цена на виолината е 300 000 фунти и таа е највреден предмет што е досега понуден на продажба од Титаник. На аукција ќе бидат понудени уште неколку предмети од потонатиот брод , како што се оригиналните полиси за осигурување во кои пишува дека бродот неможе да потоне и нотите од кои свиреле членовите на оркестарот.
Виолината пловела десетина дена на површината на водата во кожна торба, а кога е извадена од океанот била вратена на вереницата на 25 годишниот Hartley.