Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се развива иницијативата Отворен Балкан: Компании од Србија, Македонија и Албанија разменуваат искуства во справување со ковид кризата

0
By Biljana on April 7, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: НоваТВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фирми од Србија ги пренесоа своите иновативни идеи на компании од Македонија во рамки на иницијативата Отворен Балкан.

Револуционерен уред за мерење на срцевиот ритам (ЕКГ), развиен од спрската компанија „Свездрав решења“ им е достапен на граѓаните на Северна Македонија преку соработката со домашната компанија „Гордиан Системс“. Се работи за мини уред, кој може да се користи во домашни услови, каде пациентите преку мобилна апликација, можат да го контролираат своето здравје и истовремено да бидат во постојана врска со избраниот лекар специјалист кој го добива резултатот од мерењето и кажува дали пациентот треба да дојде на дополнителни испитувања.

„Овој уред ни овозможува да го држиме нашето здравје под контрола, но не мора постојано да одиме на лекар, да бараме термин за контрола, значи да го избегнеме непотребото одење по здравствени установи во време на пандемија. За сега, ние ваков уред им дадовме на користење на лекари интернисти во Геронтолошкиот завод во Скопје, на Здружението ‘Во мојот свет’ како и на повеќе доктори кардиолози“, рече за НоваТВ Тони Бацаровски од компанијата „Гордиан Системс“.

Уредот чини 30 евра, но за сега е достепен само со нарачка преку веб страницата на српската компанија „Свездрав решења“.

Фото: НоваТВ

Шест иновативни проекти, развиени од српски компании со финансиска поддршка на Владата на Србија, беа дел од проектот за трансфер на знаења и иновативни решенија, како дел од соработката помеѓу компании од Србија, Северна Македонија и Албанија во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, а со цел ублажување на социо-економските последици од Ковид пандемијата.

Амбасадорката на Србија во Северна Македонија. Невена Јовановиќ рече дека Отворен Балкан е револуционерна идеја за добра регионална соработка.

„Оваа иницијатива покажува како Отворен Балкан за многу кратко време почна да се имплементира во пракса. Не само дека подршката која компаниите од Србија им ја даваат на компаниите во Северна Македонија и во Албанија ја подобрува нашата соработка, но сигурна сум дека ова ќе ги отвори вратите за идна соработка помеѓу нашите компании со крајна цел подобрување на квалитетот на нашите економии , но и подобрување на стандардот на граѓаните“, рече амбасадорката Јовановиќ.

За Нола Исмајлоска од иницијативата „Отворен Балкан“ веќе се видливи резултатите од соработката.

„Нашите компании полесно ги минуваат граничните рампи, без долги процедури и без задржувања. Направивме зелени коридори со цел протокот на стоки да тече непречено. Дополнително, потпишавме и договори за слободен пазар на трудот“, рече Исмајлоска и додаде дека преку соработката овозможиле подобри услови за постојните, но и за сите идни инвеститори.

Спроведувањето на иновативни решенија како одговор на кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата во Северна Македонија и во Албанија, е поддржано во рамки на проектот „Договор за развојни услуги – рамка за забрзување на ЦОР“ финансиран од Владата на Србија и спроведен од Програмата за развој ан ОН (УНДП).

(Б.Божиновска)

за Отворен Балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.