Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се сокри ли Мицкоски зад народот – ВМРО-ДПМНЕ не била организатор на 27 април

0
By Нова ТВ on December 25, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска сведочеше за настаните од 27 април, 2017 година во Собранието, кога многу новинари и пратеници беа повредени.

Како што истакна Мицкоски пред судот, ниту еден член од неговата партија не бил дел од организацијата при упадот во македонскиот Парламент.

„Народот се самоогранизираше тој ден. На дел од тие протести бев и јас. Протестиравме против погрешните политики и ценам дека е демократско право да изрази револт против определени политички партии и структури. Ниту било кој член на ВМРО-ДПМНЕ е дел од организацијата при упадот“, истакна Мицкоски.

Конкретниот ден, Мицкоски рече дека бил на состанок надвор од работното место и на враќање отишол кон Собранието каде веќе имало собрано луѓе да види што се случува.

-Дојдов пред Собранието, но никогаш немав намера да влезам внатре, рече Мицкоски и додаде дека ова е  монтиран политички процес за да нанесе штета на ВМРО-ДПМНЕ и на активистите и членовите на ВМРО-ДПМНE. Рече дека вечерта имало Извршен комитет кога тогашниот премиер Никола Груевски се вратил од Виена и тоа бил единствениот негов контакт.

На судењето, Мицкоски одговори „ваљда не сум“ на прашање дали можеби е скаран со некој од обвинетите, но по излегување од судницата појасни дека само сакал да внесе малку ведрина на судењето, а е во пријателски односи со сите обвинети.

-Се обидов да бидам вицкаст и да внесам една доза на хумор во судницата, бидејќи за првпат се појавувам во судница како сведок, а не сум бил во својство на обвинет. Чудна атмосфера, многу сериозна, па се обидов да внесам малку ведрина. Инаку да, тоа се сè мои пријатели и не сум со никого замерен, ниту пак имало зошто да бидам, изјави Мицкоски по судењето.

Како сведок Мицкоски денеска беше повикан од одбраната, откако на минатото рочиште не се појави поради лични причини.Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.