Во северозападната руска област Мурманск утрово се урна хеликоптер, во кој имало 18 луѓе, објави РИА новости. Подоцна во потрагата живи биле пронајдени две лица, кои се префрлени во болница, се уште се бараат останатите патници и членови на екипажот.
Според прелиминарните информации од Министерството за внатрешни работи до хаваријата на хеликоптерот на компанијата „Спар“ дошло во Терскиот регион во Мурманската област.
Во хеликоптерот имало 18 лица, од кои пет биле членови на екипажот, ова се сеуште непотврдени информации.
„Гласот на Русија“ пренесува дека е можно во хеликоптерот да се наоѓал и заменик гувернерот на Мурманската област Сергеј Скоморохов и началникот на локалниот оддел за шумарство Олег Вереникин, како локалниот министер за животна средина Алексеј Смирнов.