Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се воведува државна награда која ќе го носи името на Мето Јовановски

0
By Нова ТВ on December 11, 2017 ПОЛИТИКА
Архивска фотографија на Мето Јовановски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев, кој денеска учествуваше и се обрати на настанот „Корупција – непосредна закана за човековите права“, во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права, информираше дека Министерството за правда и Министерството за култура воведуваат државна награда за придонес кон човековите права а која ќе го носи името на Мето Јовановски, првиот претседател на Хелсиншкиот комитет.

Одборот за доделување на оваа награда ќе биде составен од претставници на граѓански организации. Таа ќе се доделува секоја година на 10.декември, Меѓународниот ден на човековите права.

Мето Јовановски почина на 88 годишна возраст на 23.декември 2016 година по кратко боледување.

Писателот Мето Јовановски беше истакнат активист за човекови права. Тој беше претседател на Македонскиот ПЕН центар и прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Тој беше припадник на повоената генерација македонски писатели кои меѓу првите пишуваа на македонски јазик и го создаваа и ширеа македонскиот јазик.

Во кариерата долга шест децении, творештвото на Мето Јовановски брои над 30 книжевни дела.

Објавуваше збирки песни, раскази, романи, песни за деца, а од нив, особено расказите, се објавувани на повеќе светски јазици, а Јовановски преведуваше од англиски и руски јазик. Автор е на расказите  и негови најпознати дела преведувани на повеќе светски јазици: „Јадреш“, 1957, „Мени на мојата месечина“, 1959,  „Првите човекови умирања“, 1971,  „Патот до осамата“, 1978, „Крстопат кон спокојот“, 1987, „Љубовта на Грифонот“, 2005.

Ги напиша романите „Хајка на пеперутки“, 1957 „Слана во цутот на бадемите“, 1965, „Земја и тегоба“, 1968„Сведоци“, 1970„Будалетинки“, 1973, „Орловата долина“, 1979, „Крлежи“, 1984 и „Балканска книга на умрените или Ослободување преку зборување“, 1992.

Автор е и на две книги за деца „Љуман армијата“ од 1954 и „Војвода над војводите“ од 1980.

државна награда Мето Јовановски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.