Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се враќа Законот за „корумпирани“ медиуми: Владините реклами повторно ќе ги хранат уредувачките политики

0
By Ана Василевска on November 16, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ана Василевска

Во Собранието денеска пратениците по скратена постапка, односно со потпис на пет пратеници ќе гласаат за измени и дополнувања на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Суштината на промените се однесува на бришење на Членот 102, со што се враќа праксата медиумите легитимно да се хранат со пари од владини кампањи. Со ова Македонија се враќа пет години наназад кога со донесувањето на овој член се стави кочница во Законот за медиуми што директно ја поттикнува корупцијата на уредувачките политики. Опасноста, Македонија да се врати во времињата кога сите извештаи на медиумскиот мониторинг на ЕУ ги рангираа медимските слободи на многу ниско ниво, ги кренаа на нозе и Здружението на новинарите на Македонија, и Самостојниот синдикатот на новинари и медиуми.

Од Здружението на регионални и локални медиуми „Медиум Објектив“ стигна остра реакција на „провлекувањето“ на промените на Законот по брза постапка без консултација на медиумскиот еснаф и побараа одложување на гласањето.

„Сметаме дека поддршката за медиумите треба да се изработи со вклученост на сите, и да се води од начелата од јавниот интерес, односно подобрувањето на состојбата во медиумите да има една цел, подобри услови, професионално известување преку уредувачките политики кои ќе бидат независни од политички, партиски или владини влијанија. Затоа бараме одложување на постапката за менување на амандмани на овој Закон која е започната во Собранието и инсистираме на јавни дебати со сите чинители кои можат да понудат подобри решенија. “, изјави вчера  Димитар Мицев, претседател на „Медиум Објектив.

Од ЗНМ и ССНМ, повеќе пати беа децидни против директното финансирање на медиумите од буџетот, предупредувајќи на лошото искуство со државното финансирање на медиумите. Но национални, локални и регионални телевизии и радија, се залагаа за спротивното, бидејќи забраната за државно рекламирање и отсуството на дел од тој буџетски колач, им предизвика финансиски проблеми.

И власта и опозицијата постигнаа брз кворум за измените на Законот

Собранието веќе пет години одлага да се состане и да спроведе избор на нови членови на АВМУ и на МРТВ, но за овој Закон се договорија речиси преку ноќ.

Иако, Членот 102 беше токму дел од заложбите на Владата на Зоран Заев да се стави крај на груевистичкиот модел на создавање медиумски клиенти и поттикнување на корупцијата во уредувачките политики за сметка на објективното и независно информирање, Владата на вчерашната седница донела Одлука за обезбедување финансиски средства на ЈП Национална радиодифузија за 2022 година. Да потсетиме, откако Заев тогаш изјави дека „ нема повеќе пропаганда со владини пари а тогашниот владин портпарол објави дека 38 милиони евра од буџетот биле потрошени за кампањи во електронските и печатени медиуми од 2008 до 2015 година преку нејасни критериуми, пет годни подоцна, Владата го смени ставот.

„Со средствата од оваа одлука, националните радио станици ќе се ослободат од обврската за плаќање на надоместокот за дистрибуција на сигнал за 2022 година кон Агенцијата за електронски комуникации. Ова значи дека делумно ќе се покријат трошоците на националните радио станици, коишто произлегуваат од обврската за плаќање на надоместокот за дистрибуција на сигнал за 2022 година, во вкупен износ од 7.500.000 денари, со средства од Буџетот на Владата на РСМ, предвидени во делот на антикризните мерки“, соопшти Владата.

Откако во 2018 година Владата ја имплементираше програмата за годишно субвенционирање на весниците, се отвори пат и електронските медиуми да бараат и очекуваат слична државна поддршка. Особено заради тешката состојба во локални и регионални медиуми, кои во локални рамки потешко успеваа да генерираат приходи на комерцијална основа.

Релативизирање на предлагачите на измените во законот

Образложението за измените на законот е: ќе се овозможи поголема правна сигурност во однос на кампањите од јавен интерес и нивното емитување.

Предлагачите на измените во законот, пак, сметаат дека со тие измени „ќе се овозможи поголема правна сигурност во однос на кампањите од јавен интерес и нивното емитување“. Според предлогот, Владата има обврска во текот на една календарска година да спроведе најмалку една, а најмногу четири кампањи од јавен интерес на централно и на локално ниво. Собранието треба да формира Комисија за одлучување за кампањите на централно ниво, во чиј состав ќе има тројца пратеници од власта и исто толку од опозицијата.

Финансирањето на кампањите на централно ниво се обезбедува од буџетот во висина од задолжителни 0,1 % од реализираните вкупни приходи во претходната година. При распределбата 80 отсто ќе добијат националните, а 20 отсто сателитските и кабелските телевизии. Кампањата на тв- програмата ќе мора да биде визуелно означена како „кампања од јавен интерес“ и јасно одвоена од другите содржини, а во радијата да биде означена со тонски џингл и текст „кампања од јавен интерес“, исто така одвоен од другите содржини на програмата.

 

Закон за медиуми Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.