Камион-цистерна што превезувал 35.000 литри бензини, се запали синоќа околу 23 часот на автопатот Белград-Ниш кај мостот на Морава меѓу Јагодина и Ќуприја.
Српската полиција сооппшти дека при инцидентот нема загинати или повредени лица, а дека пожарот бил изгаснат за околу еден час.
– Во еден момент почувствував пламен позади себи, го паркирав каминот и повикав полиција и пожарникари, изјавил возачот за Танјуг.
Сообраќајот на оваа делница од автопатот неколку часа бил во прекин, а возилата беа пренасочувани на локалниот пат Ќуприја-Јагодина.
Според противпожарната служба, при огнот изгортеле околу 15.000 литри бензин, а пожарникарите успеала „да ги спасат“ останатите 20.000 литри.