Хозе Алберто „Пепе“ Мухика Кордано, претседателот на Уругвај, кој важи за најсиромашен претседател во светот, во однос на последната состојба со неговиот имот пријавил 322.883 илјади долари, или за 74 отсто повеќе од 2012 година.
Мухика, кој секогаш се облекува скромно и живее на село, објаснува дека ова се должи на неговата заштеда од 104.000 долари кои неодамна ги ставил на банкарска сметка.
Уругвајскиот претседател и неговата сопруга, сенаторката Лусија Тополански поседуваат расадник, проценет на 108.000 долари, а заедно поседуваат уште два имота.
Пепе Мухика има и три трактори, и две „Фолксваген – буба“ од 1987 година. Заедно автомобилите вредат речиси 5.000 долари.
Во Уругвај, 42.000 функционери се должни секоја втора година да поднесат анкетен лист, но само претседателот и потпретседателот се должни да ги објават јавно. Претседателот на јужноамериканската земја, Даниел Астори пријавил околу 390.000 долари.
Неодамна, за претседателот на Уругвај светските медиуми пишуваа дека „на светските лидери му одржа лекција“, откако ја легализираше употребата на марихуана како и истополовите бракови.
>> Забраната на бракови од ист пол, за претседателот на Уругвај е мачење на луѓето