Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се зголемува бројот на деца со дијабетес

0
By Менче Атанасова Точи on January 24, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Околу 40 нови случаи на дијабетес тип 1 се регистрирани кај деца минатата година. Само во период од октомври до декември откриени се 15 нови случаи, а од 1-ви до 23 јануари откриени се 4 деца со дијабетес тип 1, потврдија за НОВА на Клиниката за детски болести. Од таму велат дека дијабетесот се појавува во мали бранови, како што е случај и во другите земји.

„ Дијабетот  тип 1 има сезонски карактеристики, се појавува на мали бранови.  Таа обсервација е иста во најголем број земји во светот. Веројатно се должи на сезонските вирусни инфекции“,вели проф. др. Зоран Гучев ендокринилог педијатар од Клиниката за детски болести.

Дијабетесот е хронична болест која настанува поради недостаток на инсулин, хормон кој се лачи од панкреасот и е неопходен за живот.

Дијабетесот тип 1 се јавува во детска возраст, настанува наеднаш и точната причина не е позната.

Во медицината се смета дека е автоимуно заболување, при кое имуните клетки кои треба да штитат од бактерии и вируси, одеднаш ќе се свртат кон панкреасните клетки, кои продуцираат инсулин и ќе ги уништат. Некои вируси можат да имаат иницијална улога на овој процес. Начинот на исхрана нема никаква врска со појавата на овој тип дијабетес.

Лекарите велат дека овој тип на дијабетес се третира исклучиво со инсулин. Многу е важна едукацијата на родителите и психолошката поткрепа на целото семејство. Лекувањето е доживотно и комплексно, со спроведување на хигено-диететски режим, со правилно планирање на оброци и активности со цел да се овозможи правилен раст и развој на детето.

И во светски рамки расте бројот на деца со дијабетес тип 1.

Само во Германија има околу 30 илјади пациенти на возраст под 20 години, а нивниот број постојано се зголемува”, вели за Дојче Веле, професорот и педијатар Андреас Ној.

Тој вели дека причините за порастот на пациенти со дијабетес тип 1 меѓу деца и младинци сѐ уште не се јасно дефинирани.

„Има различни објаснувања, дека се смениле условите за живот и животната средина. Ние и, секако, нашите деца се храниме различно од порано. Не може таквиот развој да го врземе за една единствена причина”, аргументира Ној.

Тоа е нешто што му е заеднично на дијабетесот тип 1 со некои други заболувања.

„Настанувањето и развојот на дијабетес тип 1 во никој случај не е по сопствена вина. Тоа не е последица на прекумерна тежина, ниту на недостаток на физичка активност. Дијабетес тип 1 е, така да се каже, судбина,”вели во нагласува професорот Ној.

Во Македонија има над 500 деца и адолесценти со дијабетес тип 1 и нивниот број постојано се зголемува.

Родителите на овие деца имаат проблем во градинките и малите деца на училиште и бараат да се спроведе едукација на наставниците и негователките.

Иако им беше ветено, децата со дијабетес се уште не добија сензори за мерење на шеќер во крвта. Кога дојде на функцијата министер за здравство, Филипче вети дека проиритет ќе биде набавката на овие сензори. Две години од тогаш, сензорите се уште не се набавени.

Сензорите се многу важни за децата бидејќи на безболен и прецизен начин овозможуваат да се следат параметрите, при што нема боцкања во прстите на децата.  Во светот се употребуваат повеќе од 10 години.

Со добро контролиран дијабетес се избегнуваат компликациите, а се создаваат генерации кои во иднина ќе бидат работоспособни и ќе допринесат на економијата во државата.

Во Македонија нема податоци колку ја чинат државата последиците и компликациите од нерегулиран дијабетес.

Во светски рамки, статистиката говори дека трошоците од компликации се 4 пати поголеми отколку самото лекување на дијабетес и набавката на сензори.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.