Европската унија (ЕУ) мора да даде нови импулси во политиката за процесот на проширувањето и да покаже поголема европска перспектива за државите од Западен Балкан, изјавил во четвртокот шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц.
Говорејќи на десетгодишнината од проширувањето на Унијата во 2004 година, кога беа примени 10 источноевропски земји, Курц порачал дека јасната европска перспектива се покажала како добар одговор за фрустрациите на земјите од Западен Балкан.
Во однос на евентуалното членство на Украина во Унијата, Курц апелирал за преразгледување на моделите на партнерство кон поранешните советски република од Источна Европа, бидејќи според него стремежите за зачленување во ЕУ на земји како Молдавија и Украина „довеле до проблеми” за Унијата.