На Инфективната клиника во Скопје починала 65-годишна жена на која ѝ била констатирана тешка бронхопневмонија на двете белодробни крила.
Според лабораторискиот наод кај пациентката е утврдено присуство на вирусот А со поттип H1N1.
Бројката на заболени од грип во државава достигна до 13.687 болни, според лекарите бројката и понатаму ќе се зголемува.