Во гранатирање на станбениот дел од Славјанск, во регионот Доњецк од страна на украинските вооружени сили, погодена е детска болница и повредени се седум деца.
Регионалното министерство за здравство јави дека седум деца се здобиле со рани од куршуми и шрапнели во текот на синоќешниот напад на украинската војска.
Една граната паднала врз детската болница, а оштетена е и детската поликлиника, изјави извор од локалните сили за самоодбрана за Итар-Тас.
Од прес службата на комесарот за права на децата денеска соопштија дека детските одморалиштата во рускиот регион близу Украина се подготвени да ги примат децата од југоистокот на Украина каде се во тек воени дејствија.