Непознат сторител во калифорнискиот град Валехо отвори оган врз група млади, при што уби еден и рани седум од нив.
Петмина од повредените се во тешка состојба. Полицијата трага по напаѓачот.
Напаѓачот отворил оган од минибус врз групата млади, кои стоеле крај патот.
Ова е второ масовно убиство во САД во период од 24 часа, откако во Бруклин маж уби пет роднини, пред да биде уапсен.