Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сеќавање на Тамара или како системот уби дете

0
By Менче Атанасова Точи on February 9, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се сеќавам како да беше денес. Во јануари минатата година за помош ми се обрати мајката на Тамара, Жаклина Димовска. Беше избезумена бидејќи два месеца откога надлежните во здравството ветија дека Тамара ќе се лекува во странство, не беше превземено ништо, а здравјето на девојчето се повеќе се влошуваше.

„Овде е мајката на Тамара, ве молам за помош. Иако пред две години се објави приказната на една телевизија, а пред два месеца министерот јавно кажа дека Фондот ќе ги покрие трошоците и Тамара ќе се лекува во странство, се уште нема ништо. На моето дете здравјето се повеќе се влошува, не може да се движи, се појавуваат други здравствени проблеми заради кривината на рбетот. Ве молам за помош или совет што да правам“, стоеше во пораката што ми ја прати тој јануарски ден Жаклина Димовска, мајката на Тамара.

Гледав во пораката и не можев да верувам. Прво што ми помина низ главата беше како е можно медицината во Македонија да нема решение за ваков здравствен проблем, искривување на рбет кога уште пред 40 години ова успешно се решаваше во тогашна СФРЈ. Зарем македонските лекари не научија ништо од нивните колеги во Белград? Зарем лекарите кои ги праќа на едукација министерот Тодоров не научија да вршат вакви операции кои с е рутина секаде во светот?

Често пати работев стории за деца кои требаше да бидат пратени на лекување во странство, но сите беа со тешки дијагнози, како леукемија на пример. Ваков случај немаше и требаше да биде решен во лет.

И така тргна се. Семејството на Тамара ја имаа прекинато акцијата за собирање на средства само затоа што министерот Тодоров јавно вети дека деветгодишното девојче ќе се лекува во странство. Иако информативно известувавме за случајот, овој пат беше потребно силно да се притисне за Фондот и Министерството да ја забрзаат процедурата, Второстепената комисија да се собере и да дадат зелено светло, каде и кога Тамара ќе отпатува на лекување.

Утредента, односно ден откога ми се јави мајката на Тамара, таа гостуваше во емисијата ПРОЦЕС на НОВА каде упати апел за помош и од надлежните институции јавно побара Тамара што побргу да биде оперирана. Таа не бараше ништо повеќе од она што и следува, да и се даде шанса за живот на нејзината ќерка со можност за лекување кое и следува со Закон и Уставот на РМ.

Надлежните во здравството играа со животот на деветгодишното девојче

Родителите на Тамара поминуваа низ институционална голгота, а надлежните постојано излегуваа со различни изјави, бараа земја каде ќе се оперира, потоа бараа термин бидејќи турскиот лекар бил зафатен. И се така цел месец. Министерството и Фондот за здравство не успеаја да се договорат девојчето да замине на операција во странство, а нејзината здравствена состојба постојано се влошуваше. Кривината на рбетот од 40 дојде до 80 степени, градниот кош се повеќе притискаше на срцето на малото девојче.

Низ тоа талкање низ ходниците и лавиринтите на здравствениот систем може да се видат сите грешки и пропусти на инстутуциите, несериозноста на надлежните во здравството, на работењето на лекарските комисии.

Во тоа надмудрување и префрлање на топката од Министерството во Фондот и обратно излезе на виделина најмонструозниот план, „одлука за малата Тамара да не се лекува во странство“ која ден по нејзината смрт ја потврди Аспазија Софијанова директорката на детската клиника, која за НОВА изјави дека одлуката дошла од „повисоко ниво“. Планот бил операцијата да се изврши во новиот Спинален центар што допрва требаше да се отвара, а со нејзината операција да се промовира центарот за кој никогаш не дознавме каде се наоѓа, ниту кој и што работи во него.

Тамара почина на 9 ти февруари, а детски искрено веруваше во надлежните кои одлучуваа за најзината судбина, во лекарите, во медиумите, во новинарите, во сите нас.

Софијанова, чиј потпис стои на Решението со кое се одбива Тамара да оди на лекување во странство, се правдаше дека не била претседавач на Комисијата, туку само ја менувала Анастасика Поповска, мајка на министерот за надворешни работи, која била болна во тој период. Според неа во моментот кога одлучувала Второстепената комисија, таа не била во државата, а одлуката се договарала по телефон.

„Не сум претседавач на комисијата која одлучуваше за Тамара, само ја менував Анастасика Поповска која е всушност претседател на Второстепената комисија, но сум член во комисијата. Јас сум потпишана на местото на Анастасика Поповска, што не значи дека се согласувам со одлуката. Одлуката дојде од повисоко ниво, се чекаше да се отвори новиот Спинален центар за таму да се лекува малата Тамара. Јас во тој период не бев во државата, а одлуката се донесе по телефон“изјави за НОВА доктор Софијанова. 

Она што е навистина катастрофално во целата ситуација е што лекарите и една година претходно дале конзилијарното мислење дека состојбата на Тамара не е итна. 

„Во врска со барањето за лекување во странство за осигуреникот Т.Д. во Фондот за здравствено осигурување на Македонија беше доставено потребно конзилијарното мислење, кое од страна на лекарскиот конзилиум не е класифицирано како итно. Согласно процедура и законската регулатива, барањето во моментов се разгледува на комисиите во Фондот“, одговараа во декември 2014 година од Фондот за медиумите.

Со ова и со сите други перипетии, ветувања и давање на лажна надеж, деведгодишото девојче стана жртва на институциите на системот.

Ден по смртта на Тамара, Основното јавно обвинителство соопшти дека оформиле предмет за случајот со починатото девојче од Велес, по допрен глас.

Следуваа протести пред Фондот и Министерството за здравство, Граѓански иницијативи во кои се бараше оставка од министерот Тодоров. Тогаш Тодоров пред медиумите изјави дека е разочаран, но не чувствувал одговорност. И Фондот за здравство се огради од одговорноста за смртта на малата Тамара Димовска, но неколку дена подоцна оставка од функцијата си даде директорката Маја Парнаџиева Змејкова.

Една година откако почина малата Тамара, Јавното Обвинителство се уште се нема изјаснето по кривичните пријави, нема никакво обвинените против одговорните за нејзината смрт.

Ден пред протестот кој се одржа денеска, вторник во 12 часот, од обвинителството стигна соопштение во кое се вели дека е оформен предмет по допрен глас заради што спровеле низа на дејствија, при што како осомничени се јавуваат повеќе лица за сторено кривично дело – Несовесно работење во службата од чл. 353 -в од Кривичниот законик, а истрагата продолжува во насока на целосно расветлување на случајот.

Мајката на Тамара, Жаклина Димовска на протестот со солзи во очите во јавното обраќање порача дека Обвинителството не треба да се крие зад паролата „непознати сторители“, бидејќи сите точно знаат кој е одговорен за смртта на нејзината ќерка.

Очите на сите цела година се вперени во најодговорниот во целиот случај, министерот за здравство кој неуморно продолжува со промоција на својата агенда, а листата на деца кои треба да се лекуваат во странство се зголемува.

Случајот со Тамара останува да не потсетува дека секое дете има право на живот, поважен од сите барокни згради. А, обвинителството кое доцни со обвинението цела година, сериозно да си ја превеземе работата во свои раце и да ја исправи неправдата за прерано згаснатиот млад живот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.