Едногодишен помен за жртвите во страотното убиство кај Смилковското езеро, судска пресуда за извршителите се уште нема.
Најблиските и роднините на трите момчиња од скопската населба Радишани, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Филип Славковски денеска запалија свеќи и положија цвеќе на местото на трагедијата.
Убиство се случи на 12 април минатата година кога беа застрелани четри момчиња и рибар.
Министерот за правда Блерим Беџети пред два дена изјави дека е во тек постапката за екстрадиција од Косово на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, првообвинети во случајот „Монструм“, но не прецизира кога тие би можеле да бидат доведени во Македонија за да одговараат за петкратното убиство кај Смилковското езеро.
Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, по 11-месечно бегство, беа уапсени на 3-ти овој месец во Приштина.
Судскиот процес за петкратното убиство, во отсуство на двајцата првоосомничени, почна на 20 декември 2012 година, а на обвинителната клупа седнаа Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири.