Првата издавачка куќа на е-книги во Македонија „Блесок“, ја почнува акцијата наречена „Секој работен ден во февруари – по една нова е-книга од Блесок“.
Воедно, во знак на 17 години од основањето на првото е-списание во Европа – „Блесок – литература и други уметности“, во соработка со „Традуки“, во текот на февруари „Блесок“ ќе објавува по една нова е-книга секој работен ден.
Дваесетте работни дена во месец февруари ќе донесат 20 е-книги од врвни авторки и автори од Европа: Оља Савичевиќ-Иванчевиќ, Инго Шулце, Ренато Баретиќ, Томас Бернхард, Георги Господинов, Фадила Нура Хавер, Миле Стоиќ, Ивана Сајко, Борис Билетиќ, Слободан Шнајдер, Бенјамин Штајн, Фарук Шехиќ, Дамир Милош, Горан Самарџиќ, Билјана Србљановиќ, Адолф Мушг, Младен Ломпар, Снежана Букал, Беким Сејрановиќ, Јудит Шалански…
Со овие објави, издавачката куќа ќе го зголеми својот корпус на повеќе од 465 изданија во формат е-книги.
Инаку, читателите овие книги ќе можат да ги преземат на веб-страницата http://blesok-shop.mk.