По оставката на Папата, скандалите го тресат католичкиот свет. Кардиналот Кит О’Брајан, највисокиот свештеник на католиците во Велика Британија поднесе оставка од функцијата надбискуп од Сент Ендрју и Единбург, по серијата обвинувања за несоодветно однесување кон млади свештеници и тоа за случаи пред 30 години.
Лани му беше доделена титула лицемер на годината од страна на британската геј заедница, заради неговите хомофобични изјави- дека се работи за неморална сексуална припадност, но и дека истополовите бракови се штетни за здравјето- физичкото, менталното и духовното.
Токму заради секс-скандалот, тој нема да учествува на претстојниот избор на нов Папа, инаку избран да биде единствен свештеник Британец на оваа инаугурација.