Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Семејството на починатата родилка од Тетово: Истрагата два месеца тапка во место

0
By Менче Атанасова Точи on October 28, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Двата смртни случаи на родилки за само два дена, предизвикаа револт и тага и кај семејството на 33 годишната родилка од Тетово која пред два месеца почина од како што велат, последици на нестручно изведено породување со царски рез.

Како што информираше НОВА родилката Виолета Кировска почина по неколку дена поминати во Карил, откако ноќта меѓу 19 и 20 и биле направени две операции една по друга, з а да се сопре крварењето, а утрината била однесена на скопските хируршки клиники каде што е направена и третата операција.

Семејството тврди дека таа по првата операција воопшто не се ни разбудила. Бебето во критична состојба беше донесено на детската клиника, каде успеа да се спаси.

Роднините се револтирани бидејќи истрагата за овој случај се уште тапка во место, а како што велат, гинекологот кој ја оперирал иако суспендиран доаѓа на работа во тетовската болница.

„Реагираме бидејќи се одолговлекува со вештачењето, а истрага во обвинителството тапка во место. Револтирани сме бидејќи нема никаков одговор од Комисијата која ја формира Министерството за здравство, веќе 60 дена нема одговор ниту на претставките кои ги пративме во Санитарен и здравствен инспекторат, во Лекарска комора, а ресорното министерство не презема ништо. Лекарот пак, кој е суспендиран го гледаме како доаѓа на работа во боницата“ изјави за НОВА, Силвана Ѓорѓевска сестра на починатата родилка од Тетово.


починатата родилка Виолета Кировска

Ѓорѓевска вели дека најмногу ја боли што и сега два месеца по смртта на нејзината сестра се повторуваат истите трагедии.

Таа смета дека доколку сите овие институции би преземале мерки во вакви случаи навремено , вакви трагедии не би се случувале.

„Посебно не би се повторувале од ист лекар неколку пати како во нашиот случај во Тетово, каде гинекологот имал неколку вакви грешки и за некои се водат и судски постапки“вели Ѓорѓевска.

Ѓорѓиовска раскажува дека нејзината сестра немала никакви здравствени проблеми ниту претходно, ниту за време на бременоста, а царскиот рез требало да се направи заради високата диоптрија на нејзините очи. Обвинува за нестучно изведено породува, за грешка на лекарите, што неофицијално им било потврдено и од обвинителството.

„Мојата сестра е префрлена на скопски клиники дури во 8 часот наутро и тоа на наше инсистирање . Значи после седум часа од царскиот , а после пет часа од втората операција која ја правела друга медицинска екипа .Таа почина после пет дена на Карил каде што цело време беше во кома и тоа не поради други здравствени проблеми, туку поради оштетување на мозокот од обилното крварење кое се случи во тетовската болница“, вели Ѓорѓевска.

Директорот на тетовската болница, Фљорим Бесими тогаш за НОВА изјави дека веднаш по првата операција поради обилното крварење била направена втора, кога била извадена матката. Но и покрај тоа нејзината здравствена состојба се влошила, по што била префрлена на скопските хируршки клиники.

Бесими тогаш нагласи дека секоја недела се води постапка, за некој лекар во болницата во Тетово. Објасни дека, дали заради свеста на граѓаните или нешто друго, постојано се пријавуваат нови случаи кои се разгледуваат на стручните состаноци, се покренуваат постапки, а има и случаи каде се сомневаат на пропусти во лекувањето.

Она што го иритира семејството во ситуација кога не е завршена истрагата е дека се е направено според протоколот. Токму истрагата треба да покаже кој лекарски тим како постапил, дали постои лекарска грешка и од која екипа е направена.

НОВА побара одговор од обвинителството во Тетово, каде само кратко одговорија дека се чека на вештачењето, а се собираат и други докази. Врз основа на ова обвинителството ќе одлучи дали ќе покрене истрага.

На Институтот за судска медицина овој случај го посочија како многу комплициран, затоа подолго се работи на вештачењето.

Семејството на почната родилка верува дека после нивниот случај, а особено по смртта на другите родилки ќе се санкционираат одговорните, како и оние кои ги толерираат, за како што велат, повеќе да не бидеме сведоци на вакви трагични човечки судбини.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.