Проевропските демонстрации во Киев продолжуваат. Демонстрациите траат веќе четврта недела, неколку илјади демонстранти се собраа на Плоштадот на независноста, каде во неделата и покрај снегот ги имаше 300.000.
Демонстрантите во Киев од една околна зграда со својот мобилен ги снимаше американскиот сенатор Џон Мек Кеин, очигледно импресиониран од случувањата на централниот плоштад. Снимката на која Џон Мек Кеин ги снима протестите се најде на YouTube.
Тој им се обрати на демонстрантите и им порача дека судбината на нивната земја лежи во Европската унија, а не во Русија.