Американскиот Сенат го ослободи поранешниот претседател Доналд Трамп со мнозинство гласови од обвиненијата за наводно поттикнување бунт за време на немирите и упадот во зградата на Конгресот.
Така, не успеа уште една иницијатива на демократите за негово отповикување.
Имаше 57 сенатори кои се залагаа за отповикување на Трамп, додека 43 беа против.
Оваа одлука беше очекувана, имајќи предвид дека беше потребно двотретинско мнозинство од Сенатот, што значи дека иницијативата на демократите требаше да биде поддржана од најмалку 17 сенатори од редовите на републиканците.