НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сензационална вест

0
By Xhabir Deralla on March 9, 2023 КОЛУМНА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Веста е на крајот од текстот!

ЏАБИР ДЕРАЛА

Родовата еднаквост е 300 години далеку од нас, рече генсекот на ОН, Антонио Гутереш, на почетокот на големата двонеделна женска конференција, на која се собрани повеќе од 4.000 учесници – владини министерки и министри, дипломатски и граѓански активист(к)и од целиот свет.

„Напредокот освоен со децении исчезнува пред нашите очи“, рече Гутереш.

Тој констатира дека родовата дискриминација е насекаде и дека жените и девојчињата се соочуваат со „огромни пречки – од структурни неправди, маргинализација и насилство, до каскадни кризи што ги погодуваат прво и најтешко токму нив, до негирање на нивната лична автономија и права врз нивните тела и животи“.

Носечка тема на Конференцијата на ОН е „Иновации и технолошки промени и образование во дигиталната ера за постигнување родова еднаквост и зајакнување на сите жени и девојки“.

„Три милијарди луѓе сè уште не се поврзани на интернет, повеќето жени и девојчиња во земјите во развој. Во најмалку развиените земји, само 19% од жените се онлајн“, рече Гутереш, во такт со програмата на Конференцијата на која ќе бидат одржани стотици говори и презентации за тоа како несразмерниот пристап до интернет ги кочи жените и девојките на глобално ниво.

*

Навистина? Како тоа? Значи тука бил клучот – пристапот до интернет.

Не се проблем политиките и практиките што се под диктат на мрачните автократски сили, верските заедници, војните и криминалното подземје кое често е, всушност, над земјата и над сите. Веројатно, не се проблем ниту ултрадесничарите кои зедоа замав низ целиот свет, ги поларизираат и радикализираат општествата. Не, тие не се проблем.

Претерано е тврдењето дека и поумерените конзервативци и прогресивните сили на центарот и левицата, во натпревар со крајната десница, и самите почнаа да кокетираат со „традиционалните вредности“. Или – ги затвораат очите пред ерозијата на демократските вредности и распаѓањето на прогресивните идеи, политики и практики.

Не, ништо од сето тоа не е проблем. Дајте им интернет пристап на жените и девојките. Тоа ќе го реши проблемот. Хм.

*

Да се разбереме. Пристапот до интернет е навистина важен, поточно, тоа е суштинска потреба на современиот човек. ОН се занимава со пристапот до интернет за оние што го немаат. Затоа што оние што имаат пристап, гледаме, процветаа.

Ги гледам благодатите во кои уживаат луѓето, во прв ред жените и девојчињата, во Северна Македонија и другите земји на Балканот, па и низ Европа и низ светот, со непречениот пристап до интернет и до современите технологии.

Се разбира, тоа не е доволно. Затоа се тука владините социјални, образовни и културни политики и практики, кои се 100% родово балансирани, а секако се и tuned in со прогресивните вредности. А опозицијата, свесна за потребата од прогрес и демократски прогрес на земјата, сесрдно ги помага тие напори и ги напушти своите криминални и ултрадесничарски, националистички, проруски/ антизападни концепти.

Политиките и практиките на политичките ентитети и државните институции секојдневно се збогатуваат со новите достигнувања на експертите. Тие големи интелекти, во своите научни и интелектуални, па и духовни и вредносни достигнувања, самопрегорно, сложно и вредно работат за добробит на општеството. Насекаде се распоредени тие моќни интелектуални сили. И независните и оние во научно-образовните институции, приватни и државни – сите со погледот напред. Да не зборуваме за историскиот придонес на МАНУ во нашата и соодветните во соседните земји, па и ширум Европа и светот. Интелектуалците ја исполнуваат својата историска и цивилизациска мисија до максимум.

Потоа, да не заборавиме на големиот придонес кој доаѓа од граѓанските организации кои, заедно со интелектуалците и уметниците, посветено работат на остварување на своите благородни мисии за промоција на европските вредности, човековите права, родовата еднаквост и мултикултурата. Особено затоа што се свесни дека тие вредности се неделиви. Навистина, трошат огромни пари од европските и светските донатори, но секое евро и долар што ги добиваат се добро потрошени. Процветаа луѓето, а кај да е, се очекува и оваа година да процветаат липите.

И тоа не е сѐ, драги гледачи. Голем придонес кон јакнењето на цивилизациските, европските и зелените вредности, сите заедно посветени на човековото достоинство и рамноправност, даваат и медиумите. Тие одговорно ја информираат и едуцираат својата публика.

Сите заедно, овие ентитети се високо сензитивни за родовите прашања, но истовремено и за сите горливи прашања на човечката цивилизација денес – од човековите права и слободи до климатските промени и составот на плунката на нилските крокодили.

Повеќе од кога и да е, луѓето уживаат во благодатите на социјалните мрежи и сите овие ентитети наведени погоре, заедно со верските заедници и бизнисите, им пласираат квалитетни информации, содржини и пораки.

Затоа, сѐ што имаат луѓето со пристап до интернет денес, треба да им се даде и на оние три милијарди луѓе без интернет. И сѐ ќе биде како што треба во светот.

Тогаш веројатно и Русите ќе сфатат дека се соучесници на диктаторот во својата земја и ќе излезат на улиците и ќе останат таму, по цена на својот живот, додека нивната земја не се демократизира. И ќе преземат одговорност за злото што нивната земја го истура врз Украина, регионот и целиот свет.

Ете, светот има шанси.

*

Разочарувачко е сѐ пониското ниво на разбирање, а уште повеќе од целосното отсуство на вистинска волја да се прифатат демократските вредности во општеството. Неписменост во секоја смисла на зборот, блика од секој, и најситен детаљ од социјалниот и политичкиот живот, како на нашата земја, така и на многу други во светот. Ние сме капка во океанот од луѓе кои живеат во општества во распад.

Незнаење и простотилак можат да изнедрат само насилство и уште повеќе незнаење и простотилак. Тоа се состојби што не сакаат да се претворат во нешто убаво и добро, туку само да се зацврстуваат и да се шират. Како вирус.

Општеството тоне во сѐ поизразен и сѐ поприсутен верски фанатизам и заостанатост. Живееме во назадно и насилно општество, кое му се предаде на евтините и вулгарните, и исто толку глупави и насилни медиумски и онлајн содржини.

Верските заедници, како галопирачки канцер, ги окупираа умовите на луѓето, ги умртвија и вкалапија нивните мисли. И станаа политички, економски, социјален и медиумски фактор.

Предолгото пропаѓаат демократските вредности во општеството. Тие се целосно занемарени од политичките, граѓанските и интелектуалните елити и бизнисот. Општеството е столчено и од грамадна пропаганда од Истокот, во прв ред, од Кремљ, нои од друг центри (Ријад, Пекинг, Истанбул, Делхи…).

Разочараност, страв, омраза, ситење од туѓата трагедија, повици на егзекуција и истребување на „другите“ се доминантни во јавниот дискурс во секоја пора од општественото и политичкото живеење. Позитивните пораки, или не се восприемаат воопшто, или на нив се гледа со недоверба и омраза.

*

На крајот, една сензационална вест. Во јуни ќе процветаат липите. Тоа е сигурно.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.