Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сепаратистичкиот вирус на Европа

0
By Нова ТВ on September 22, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Референдумот во Шкотска и рече «не» на независноста. Но, самата кампања им даде елан на повеќе сепаратистички движења во Европа.

Повеќе сепаратистички региони го чекаа гласањето во Шкотска во надеж дека нивното “да” ќе им ги отвори вратите за да тргнат по истиот пат. Делегации од Каталонија, Баскија, Бретања и Корзика биле испратени во Шкотска за да го набљудуваат гласањето и да им дадат поддршка на приврзаниците на независноста. Во Европа има десетици партии кои се надеваат дека нивните региони ќе станат еден ден независни. Како Фландрија во Белгија, Баварија во Германија, Каталонија и Баскија во Шпанија, во Франција тоа се партии во Корзика и Бретања или Паданија во Италија.

На 11 септември се одржа масовна манифестација во Барселона (Каталонија) чија цел беше да и се даде поддршка на Шкотска но и да се покаже дека овој регион одамна сонува да се раздели во Шпанија. Веќе е закажан референдум или консултација на 9 ноември во Каталонија каде што од гласачите се бара да кажат дали сакаат независност. Но, за разлика од Шкотска каде што постоеше договор со власта во Лондон да се признае резултатот на шкотскиот референдум, шпанскиот Уставен суд го прогласи ноемврискиот референдум за незаконски.

Но желбата на населението да ги следи сепаратистичките партии е варијабилна.

Во Баварија во Германија сепаратистичката партија Бајернпартеи освои само 2.1 отсто гласови на федералните избори во 2013 година.

Но, за разлика од Баварија, во Белгија сепаратизмот на Фландија е далеку попoпуларен. НВА, партијата која го промовира сепаратизмот освои 32 отсто на федералните избори во јуни и со тоа доби најмногу гласови од сите партии во Белгија. Овој резултат и овозможува да формира федерална влада и во моментов се во тек преговори за владата со франкофоните од Валонија. Според аналитичарите, НВА ќе формира федерална влада но се откажува од независноста која во Белгија најверојатно ќе мине низ фаза на конфедерализам.

За многумина причините за сепаратизмот се економски. Како на пример во Италија каде што партијата Северна лига бара независност на Паданија бидејќи смета дека од нејзините каси се префрлаат премногу пари во Рим. Слоганот на партијата тоа отворено го кажува: “Крадецот Рим”.

Белгискиот дневник Ле Суар тврди дека недостигот на европски идентитет го фаворизира регионализмот. За германскиот Ди Велт, станува збор за вирус кој се заканува дека ќе ја зарази цела Европа. Вирус кој и се заканува на европската стабилност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.