Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Серафимовски: Фотелји од камен, глина и гипс за лустраторите

0
By Нова ТВ on July 26, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Имам чувство како некој да раководи со Македонија со далечински управувач“, вели во интервју за Утрински весник академик Томе Серафимовски, скулпторот, кој од неодамна е третиот лустриран академик.

На прашањето дали постои коинциденција во тоа што тој беше лустиран веднаш по одбраната на академик Славко Јаневски, Серафимовски вели: Ми пречи тоа што Комисијата за верификација на факти се пресметува со мртви луге.

„Славко Јаневски има една прекрасна книга која се вика „Орач меѓу скелети“. Во неа како да го предвидел тоа што се случува сега, бидејќи Комисијата за лустрација како да ора по скелети. И не случајно во еден мој јавен настап реков дека кога Комисијата се дрзнала на ваков начин да се справува со еден Славко Јаневски, утре може и со Блаже Коневски, со сите основоположници на Академијата. Им реков: повелете во МАНУ, лустрирајте не’ сите по ред и во ваш стил, а бидејќи државата е наш основач, може и да не растури“, одговара Серафимовски.

„Во моето ателје можете да ги видите моите фотелји се од камен, од бронза, глина, гипс. Ако такви фотелји им требаат на политичарите или на било кој од членовите на Комисијата, нека повелат – нека седнат на нив.

– Што се однесува до соопштението, тоа е реакција на Претседателството, а не на целото МАНУ, која како што беше речено, допрва ќе се произнесе со став во септември по одржаното Годишното собрание. Содржината на соопштението нема да ја коментирам, иако ми засмета тоа што не се наведени причините за состанувањето. Претседателството не се состанало среде годишни одмори за да дискутира генерално за лустрацијата, туку белким, за конкретни личности како Славко Јаневски, Божин Павловски, Томе Серафимовски“.

За збогувањето на академик Божин Павловски од МАНУ и од Друштвото на писатели, Серафимовски вели дека не го оправдувам ставот на Павловски, иако е негова лична одлука, од причина што никој од Академијата го нема него лустирано, прогонато, ниту пак, утврдиле факти.

„Академијата го верифицира творештвото на Божин Павловски и за тоа тој е овде и примен. Тој не треба да заборави дека при приемот и давањето согласност да биде ставен на трансфер гласање на Собрание, потпишал согласност да биде избиран, гласан. И неговиот избор е доживотен. Тој може да не доаѓа на состаноци на одделението, да не сака да биде член на некои тела, да не гласа. Но, едно е да бидете член на МАНУ, а сосема друго да бидете член на Друштво на ликовни уметници или писатели“, вели во интервју за Утрински весник академик Томе Серафимовски.

Тој вели дека за одлуката на Лустрациска нема да се жали пред Управниот суд.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025
ФОКУС

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

ВЕСТИ October 11, 2025

Во земјава денеска се одбележуваат 84 години од почетокот на народното востание кое почна во…

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025
ТИКЕР

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.