Сузана Јошевска Анастасовска: Личен став.
Испраќањето одлука на Уставниот суд до Судскиот совет „за понатамошно постапување”, во која толкување на процесен закон од страна на редовен судија, во сè уште незавршена постапка, се квалификува како „неизвршување на одлука на Уставен суд”, со имплицирање на кривична одговорност, според мое лично мислење, отвора сериозни прашања за границите меѓу уставната контрола и судската независност.
Би рекла дека допира и прашања на можен институционален притисок.
Не се работи за конкретен предмет и за конкретен судија туку на воспоставување на потенцијално загрижувачки преседан.
Дотолку повеќе што непрецизната формулација „за понатамошно постапување“ и тоа во нејзиниот задолжителен диспозитив создава дилема дали е избран правно адекватен модел на институционална комуникација меѓу овие два уставни органи.
Извор: Фејсбук



