Официјални претставници од Северна и Јужна Кореја ги одржаа своите разговори на прво владино ниво после повеќе од две години, јавува Би-Би-Си.
Средбата – во демилитаризираната зона меѓу двете држави – доаѓа по неколку месеци на зголемувањето на напнатоста и војната-како гестови од двете страни.Официјалните претставници се состанаа на разговори за плановите за повисоко ниво на средба меѓу владини министри.
Потртпаролот на Јужна Кореја изјави за новинарите дека разговорите биле без проблеми, “без никакво спротивставување”.
Јужнокорејската новинска агенција Јонхап рече дека двете страни се согласиле да се сретнат во Сеул во средата.
Јужна Кореја ја покани Северна на разговори на високо ниво во Сеул, но Пјонгјанг соопшти дека сака најпрво пониско ниво на дискусии.