Северно-корејската пејачка за која се смета дека е екс-девојка на Ким Јонг-ун и за која се известуваше дека била егзекутирана со стрелање минатата година, се појави на државната телевизија, очигледно жива и здрава, објави Индепендент.
Хуон Сонг-Вол се појави на државната телевизија, држејќи говор на митингот на работничката национална уметност, кој се одржа во Пјонгјанг во петокот.
Се известуваше дека пејачката била фатена во интрига во палатата минатото лето, како и тоа дека снимала порно филмови.
За 31-годишниот севернокорејски лидер и пејачката се вели дека биле тинејџерски пар, но биле принудени да раскинат, по барање на на Ким Јонг-Ил, починатиот Сакан Лидер.
Со оглед на тоа речиси и да нема настан во Северна Кореја кој може да се потврди, така што не е јасно дури и кога снимено шоуто во кое има песна Хуон, која неодамна воскресна од мртвите.
Медиумите на Северна Кореја претходно постојано ги негираа извештаите на нејзината егзекуција, нарекувајќи ги “неоправдани гласини на психопати на Јужна Кореја” . Исто така, кошаркарот Денис Родман пред неколку недели изјави дека не е егзекутиран дури и чичкото на Ким.
Екс-партнерката на Ким