Северна Кореја денеска го прославува роденденот на покојниот лидер Ким Јонг Ил.
Овој ден во Северна Кoреја се смета за еден од најголемите празници и се организираат концерти и масовни спортски настани, во кои учествуваат спортисти од странски земји како Русија, Украина, Естонија и Канада.
Севернокорејците од рано изутрина поставуваат цвеќиња пред спомениците на покојниот лидер низ целата земјата. Ким Јонг Ил во Северна Кореја се смета за гениј на мислата, на творештвото, на изградбата и голем лидер и војсководец.
Тој владееше со Северна Кореја 17 години и почина во 2011 година.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.