Северна Кореја денеска соопшти дека ќе им суди на двајцата приведени американски туристи под обвинение за непријателски дејствија против државата, јавува Би-Би-Си.
-Нивните непријателски дејствија беа потврдени со докази и со нивните признанија, се посочува во соопштението на севернокорејската државна агенција, која не дава детали за природата на криминалот што го сториле.
Џефри Фоул и Метју Милер беа уапсени во април, откако влегле во земјата како туристи.
Христијанскиот мисионер Кенет Бе, исто така американски државјанин, кој беше уапсен во ноември 2012 година, минатата година беше осуден на 15 години затвор, под обвинение дека имал анамера да ја сруши владата на С. Кореја.
Обидите на САД да биде ослободен засега се неуспешни, и покрај стравувањата за неговото здравје.