Јорданката Шадиа Бсесио е првата Арапка која влегува во Асоцијацијата на борачи во Америка позната како World Wrestling Entertainment (WWE).
Бсесио е жена која има искуство да биде во фокусот на вниманието, особено бидејќи работела како презентерка на телевизија, а го позајмувала и својот глас за разни мултимедијални проекти.
Во светот на боречките вештини влегува во 2014 година со џиу џитсу дисциплината. Во моментов има син појас со три линии во џиу џитсу.
Бсесио се надева дека ќе и бидат потребни само 2 години за да стекне светска популарност во светот на забавата, ако се знае дека натпреварите во WWE се однапред договорени по сценарио и служат за забава.