Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шахпаска: Продолжуваме да вложуваме во проширување на капацитетите на градинките

0
By Ivana on August 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за труд и социјална политика до крајот на годината ќе пушти во употреба 10 нови градинки за подобар воспитно-згрижувачки процес за најмалите во повеќе општини во државата

Министерката Јагода Шахпаска која денес во Берово изврши увид во финалните градежни работи на новите четири простории во градинката „23 Август“ информираше дека претходно се изградени или реконструирани 15 градинки со што бројката до крајот на годината ќе изнесува 25 градинки и упати апел општинските власти да аплицираат за ваквите проекти и во 2022 година.

– Денес ми претставува задоволство и чест што на патронот на градинката во Берово имав можност да извршам увид во финалната фаза од градежните активности за изградба на 4 нови простории. Со изградбата на нови простории кои ќе го зголемат капацитето за 60 нови места, на некој начин ќе го намалиме притисокот од родителите за присуство на дечињата во градинката во Берово. Во две простории ќе бидат сместени деца до 2 годишна возраст, а останатите се простории во кои ќе бидат сместени деца од малата група, рече Шахпаска.

Активностите за изградба на четири нови занимални, како што додаде, се реализира со блок дотации од Министерството со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка преку проект од УНДП.

Шахпаска апелираше до сите вработени во градинките да продолжат да ја демонстртираат општествената одговорност и да се вакцинираат, со што ќе придонесат за колективното здравје преку подобрување на личниот имунитет што според неа е предуслов за победа на пандемијата.

Во моментот како што додаде директорката Невенка Таковска капацитет во градинката е 228 дечиња.

– Со добивањето на нови простории капацитетот ќе се прошири, ќе се олесни работатат на родителите кои ќе има каде да ги сместат своите дечиња. Воедно вработените ќе имаат повеќе просторни можности за завршување на своите задачи, додаде Таковска.

Во соработка со министерството, како што додаде директорката, се бара начин за оспособување простории за детска градинка во село Двориште, кое е село со најголем број на дечиња поради што е потребна установа од таков тип во селото.

градинки Јагода Шахпаска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.