НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шахпаска vs Тодоров

0
By Менче Атанасова Точи on December 21, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Требаше да си одите уште кога почина малата Тамара , кога почина родилката од Гевгелија и нејзиното бебе, родилката од Тетово, таа на Гинекологија, новороденчето од Велес, жените од населените Шутка и Велес кои немаат гинеколог. Со овие зборови, пратеничката Јагода Шахпаска од СДСМ, ја започна дискусијата за интерпелацијата на министерот за здравство Никола Тодоров.

„Требаше да си одите заради 1400 пациенти на дијализа чија смртност е зголемена за 10 проценти, заради евтините, а не квалитетни лекови, нереализираните електронски здравствени картички, заради 400 специјализанти, доктори кои ги оставивте без достоинство, доктори во кои се пука. Требаше да си заминете веднаш по смртта на Тамара. Како можеше второстепената комисија да ја одбие, јавноста бараше одговорност од вас. Најголемо лицемерие беше кога им ја испративте согласноста за лекување на родителите, ден по погребот. Требаше да си заминете и за смртта на родилките, за новороденчињата , со ова Македонија ја ставите на врвот по смртност која е тројно повисока од европскиот просек и изнесува 14 , а доенечката смртност е 9, 9,з а и многу повисока од другите земји. Нема педијатри во јавното здравство, нема кој да ги лекува децата до шест годишна возраст“, рече Шахпаска.

Таа го праша министерот Тодоров зошто граѓаните си купуваат сами вакцини од странство.

„Болниците се во долгови, Институтот за трансфузиона медицина има долг од 3 милиони евра, болница од Прилеп од 3 милиони евра. Нема греење во болниците, нема реагенси, сечете ленти на болници за кои нема технички прием, како што го направивте тоа со болницата во Козле. Пет скенот е купен милиони евра со пари од граѓаните, а така скапува.
Вкупно 60 милиони се долговите на јавните установи, стоматологија нема дежурна служба. Тендерот за реагенси чини цели седум милиони евра, а 56 јавни установи ќе мора да ги купуваат купуваат реагенсите три години, по цени неколку пати повисоки од реалните. Ваквите пари , од маката на граѓаните ќе ги вложите во изборите
„Е-картичката која требаше да биде бесплатна граѓаните ја плаќаат самите по 250 денари , собравте 8 милиони евра од граѓаните , а 150 000 осигуреници се уште немаат картички.

Рокот на картичките е пет години, што значи граѓаните ќе мора картичките да си ги купуваат повторно. Кажете пред јавноста каде застанаа работите. Ја криете фактурата за ИСИС со кои е раскинат договорот само затоа што не зашто не ги плаќате долговите. Во болницата „Св. Наум Охридски“ нема лифт, а оперирани пациенти на раце се носат. Системот кој беше добар го уништивте за кумот на Груевски да ги земе центрите за дијализа. Цената од 75 евра ја зголемивте на 95 евра за дијализа. Договорот е на штета на пациентите и на македонското здравство. Со ова смртноста на дијализните пациенти е зголемена за 10 проценти.

Тука е и „Мој термин“ со кој здравството го претворивте во производство каде лекарот има само за 15 минути да го прегледа пациентот. Никаков не е прегледот, докторите си гледаат во компјутерот , се претворија во административци. Промашен е и проектот за дефибрилатори со кој потрошивте 100 милиони евра, а не се употребуваат, а од тендерот на Визарис на Ивона Тлаевска, апаратите стојат така нераспакувани, им поминува гарантниот рок, нема стручен кадар со нив да работи.

Но, вас ви е најважно да останете на власт, граѓаните плаќаат двојно, операциите се вршат приватно. Годишно 60 милиони евра се слеваат во приватното здравство, за операции на очите.

Нема трансплантации на бубрези, само 12 од планираните 70 се реализирале. Во 21 век жените од Шутка и Бутел немаат гинеколог. Само 128 гинеколози има во јавното здравство. Недостигаат неонатолози, анестезиолози, гинеколози, педијатри и други . Специјализациите не ги планирате рационално. Со плаќањето по учинок ги пониживте лекарите, а за да ги замолчите, тогаш им ги пративте вашите партиски војници

Се пука во доктори, доктор кој спасува живот, покрај платено обезбедување. Затоа 700 доктори си заминале, еден ја чини државата 100 милиони евра, заминуваат заради уценувачките договори. Плаќаат пет пати повеќе , ако си заминат од јавното здравство, потенцира Шахпаска во своето излагање со кое објаснува зошто треба да си замине министерот Тодоров.

Требаше да одите и поради евтините лекови, зошто не ја кажавте вистината за ХИВ кои беа запленети, креиравте инсулинска криза, ги префрлате пациентите на друг инсулин. Вие како правник не знаете кои се последиците од лошата терапија. Посетете го заводот во Козле да ги видите инвалидите.

Ова е вашата медицина базирана на докази!

Уште колку луѓе можете да носите на совест? Не сте свесни за неуспешните реформи и изгубените човечки. Овој пат не ве спасува сечењето на лентите без технички прием, покажете доблест и одете си!“, рече таа.

Министерот Тодоров започна да ги набројува болниците каде што се вршела реконструкција, апаратите кои биле набавени, лекарите кои биле испратени на обука во странство. Се правдаше дека при сечењето на болницата во Козле кажал дека ќе биде пуштена во употреба за 15 дена.

„Ова што го слушнавме многу ме потсетува на едно време што помина, за многу висока доенечкиот морталитет за огромни долгови, тоа беше едно време кое помина. Многу неточности кажавте. . Три дена е време на чекање за зрачна терапија. Нема да дозволам да паднам на евтини политички трикови, како вашата политичка матрица. Јас ќе почнам од тоа што сме го направиле.

Во Македонија се основа државна кардиохирургија, над 100 интервенции се направени. Успешно функционира детска кардиохирургија каде се извршени над 150 интервенции. Набавени се 10 ангиографи на 2 милиони жители. Досега се изведени над 2, 5 илјади интервенции. „Мој терми„ е најголем централизира систем, со над еден милион и 300 електронски досиеја. Досега се извршени осум намалувања на лекови заштедени се над 30 милиони евра, овие пари за лекови оделе некаде порано. Набавивме поливалентни вакцини. Проектот рурален доктор функционира, со 1227 места во 72 општини , отворени с е 66 аптекарски станици. Проектот подвижни аптеки доделени се шест лиценци. Проектот наш специјалист функционира во 15 градови, со девет специјалистички области, воведен е бесплатен мамографски скрининг во 17 здравствени установи.

Досега 2084 медицински лица се едуцирани во странство, 1000 здравствени работници се упатени на едукација во странство во Германија, Хрватска Србија. Замислете 200 специјалисти се вратиле од приватно во јавното здравство. Направена е реконструкција во Специјалната болница во Јасеново, во Тетово, во поликлиника Букурешт, нов објект во Козле,каде имавме церемонија кога кажавме дека ќе профункционира за 15 дена, реконструкција во здравствените домови во Струмица, Велес, Куманово, Пехчево, Охрид.

Реконструкција во болницата во Чаир, во Струмица направивме соба за коронарна нега, реконструкција во болницата „8 Септември“, во Детска клиника заменети с е прозорците, во Ростуше имаше реконструкција, исто и во здравствениот дом во Крушево. Целосна реконструкција имаше во здравствениот дом во Радовиш, во Кавадарци реконструиран е покривот. На ендокринологија реновиран е Центарот за дијабетес, реконструкција имаше во здравствени домови во Кривогаштани, Делчево. По пет децении е реновирана амбулантата во Волково и многу други населени места.

Пет центарот е во завршна фаза и оваа година ќе биде готов. Ќе започне изградба на комплетно нов Клинички центар. Набавена е современа медицинска опрема.

Во болницата „8 септември“ се инвестирани пет милиони денари. Ако бевте вие, времето на чекање за компјутеризирана томографија ќе беше девет и пол години, набавивме нови мамографи ќе се набавуваат уште и во другите градови. Набавивме санитетски возила. Ја зголемивме платата на докторите од клинички за 25 проценти. Извршивме гасификација на Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“, рече Тодоров.

Отворивме симулациски центар за студентите по медицина, го реализираме проектот „ Ало докторе“, се имплементира системот за материјално книговодство. Во Законските измени е направено многу, сега се плаќа 200 евра за лекување во странство.

Крводарителите се ослободени од плаќање партиципација. Се донесе закон з а доброволно здравено осигурување, има паралелен увоз на лекови, на медицински помагала. Лекови може да се купат на бензиските пумпи“, рече Тодоров во своето излагање и нагласи дека ова е само 50 проценти од она што реализирале до сега од кога е дојден за министер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.