Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шаќири: Администрацијата ќе се намали и реорганизира

0
By Нова ТВ on December 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Попрофесионална администрација со нејзино реорганизирање и со намалување на бројот на вработени, најави министерот за информатичко опшеттсво и администрација Јетон Шаќири, кој смета дека системот за наградување во овој сектор треба да се ревидира за да се обезбедат поконзистентни нивоа на плата и да се промовира мобилноста.

Во отчет за првите 100 дена од работата на ресорот што го раководи по изборот на новата Влада, Шаќири ги претстави почнатите промени на законите за административни службеници, за вработените во јавниот сектор и за висока раковиодна служба, посочувајќи дека се врши нивно усогласување.

– Усогласувањето се прави во таа форма што сите работни групи ги разгледуваат на еден поширок начин сите засегнати страни во администрацијата, што се однесува до актите за систематизацијата, на годишните планови, што се однесува до реорганизацијата, мобилноста, размените, трансферите итн. Со новите  промени ќе се направи попрофесионална администрација, поблиска до граѓаните, рече Шаќири.

Намалување на бројот на вработени во јавниот сектор, посочи тој, е определба на Владата во четиригодишен мандат.

– Во почетна фаза сме на реорганзиација или на првиот извештај за реорганзизација на органите на државна служба каде се подразбира по првата фаза да имаме втора фаза и ќе имаме институции кои ќе се оптимизираат, намалување на институции, на компетенции итн. Моделите се уште не се дискутирани, но по реорганзиацијата кога ќе дојде време ќе се дискутираат, но никогаш нема да бидат на товар на вработените и ќе бидат за нивно напредување, истакна Шаќири и најави дека по реорганизацијата ќе се анализра и вкупната бројка на  привремените вработувања.

Тој информираше дека веќе се почнати процедурите за распоредување на вработените според Рамковен договор, потенцирајќи дека процесите на признавање на нивните факултети е во почетна фаза и нивната систематизација одзема време. – Ова е значаен процес и верувам дека сите ќе се систематизираат на соодветен начин и оти ќе нема такви кои нема да го прифатат понуденото работно место. Тоа е индивидуално прашање, може да имаме разлики, може да имаме раскинување на договорите поради одредени причини, сето ова зависи од органите кои одлучуваат за тоа, рече Шаќири, прашан за можноста вработените по Рамковен двапати да одбијат пондена позиција во некоја од институциите.

Министерот потсети дека врз основа на ревизијата во октомври годинава  беше одлучено предлог-текстовите на законите за измена и дополнување на Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавниот сектор да се повлечат, преработат и да бидат предложени нови.

– Во последниот извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2020 година, Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор се таргетирани како закони кои обезбедуваат регрутирање засновано врз заслуги и фер унапредувања и разрешувања, а од друга страна не се систематски применети низ администрацијата. Законот за внатрешни работи вклучува контрадикторни правила кои овозможуваат вработените да бидат исклучени од одредбите на Законот за административни службеници. Постапките за привремени вработувања или договорите за вработување на определено време се со пониски критериуми, а со кои сè уште често се заобиколуваат критериумите утврдени во Законот за административни службеници, појасни Шаќири.

Министерството за информатичко општество и администрација, смета тој, ја зајакнало улогата на координација и следење за управување со човечките ресурси низ јавната администрација.

– Подготвеноста и капацитетот на сите инволвирани институции треба да се зголемат за да се осигури дека законодавството се применува систематски. Користењето на информативниот систем за управување со човечки ресурси на линиските институции се зголеми, иако може да се искористи понатаму. Системот за наградување треба да се ревидира за да се обезбедат поконзистентни нивоа на плата и да се промовира мобилноста, рече Шаќири.

Основни цели на Предлог законот за административни службеници се унапредување на моделот на вработување и управување со учинокот, темелени врз компетенции, воведување на пробната работа, поедноставување и доуредување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност, нов систем на пресметка на плата. Со Предлог законот за вработените во јавниот сектор, пак, треба да се подобри ефикасноста и ефективноста во управувањето со човечките ресурси, да се овозможи јасна регулација на постапката за вработување за избор на најдобриот кандидат. Целта на тој закон е и да се уреди управувањето со ефект, да се регулира статусот на Академијата за обука и развој, правата, обврските на Владата и вработените во време на вонредна состојба, воена состојба или заради заштита и справување со последиците од заразни болести, да се поедностави постапката за донесување на актите за внатрешна организација и актите за систематизација на работни места, да се воведе унапреден концепт за донесување на годишниот план за вработување.

МИОА, укажа Шаќири, во изминатиот период го почна концептот на Висока раководна служба, со кој ќе се воспостави воедначена процедура за назначување на раководна позиција, професионализација на раководните позиции – издвоена од политичкото управување, со политичка одговорност.

– Системот на висока раководна служба, кој како новина се предлага со закон, треба да обезбеди постигнување на две клучни цели: професионални високи раководители, избрани преку отворена и меритократска постапка и воспоставување на односи на доверба и одговорност помеѓу политички избраните и именуваните лица и високите раководители. Со законот се предлага да се воспостави, целосно нов систем, кој ќе се имплементира постепено, со можност во иднина новиот модел да биде имплементиран во целиот јавен сектор. Паралелно со воспоставувањето на системот на висока раководна служба, во тек е процес на структурна реорганизација/оптимизација на јавниот сектор, кој ќе значи рационализација и намалување на бројот на високи раководни места, но едновремено и воспоставување на линии на отчетност на високите раководители, дополни Шаќири.

Според него, воспоставувањето развиена кохерентна институционална поставеност и нова класификација и организациска поставеност на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби од централната власт е една од главните цели на процесот на реформа на јавната администрација во државава.

Успешната реализација на оваа цел, потенцираше Шаќири, е од суштинско значење за остварување на сите останати цели на процесот на реформата на јавната администрација, затоа што, предупреди, без оптимална организациска поставеност на органите, целокупната реформа на администрацијата ќе биде тешко остварлива.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
ФОКУС

Откако Хамас се согласи да ослободи заложнициТрамп го повика Израел веднаш да запре со бомбардирањето на Газа

ВЕСТИ October 4, 2025

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му нареди на Израел „веднаш“ да престане со бомбардирањето на Газа,…

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

October 3, 2025

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.