Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шаќири: Од 1 септември учениците ќе ги имаат сите учебници

0
By Biljana on February 18, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од 1 септември сите ученици ќе учат од учебници, велат од МОН. 

Министерството за образование и наука ги разгледува сите можности, во тек се постапки и од 1 септември сите ученици во основно и средно образование ќе имаат учебници, соопшти ресорниот министер Јетон Шаќири.

Пред учеството на трибина во Струга, која е дел од кампањата „Учи паметно, работи стручно“, одговарајќи на новинарско прашање за немањето учебници по стручни предмети во средното образование, Шаќири рече дека учениците ќе продолжат да учат како и досега, бидејќи според законските процедури потребни се најмалку три месеци за одобрување на одреден учебник.

„Педагошката служба има доставено извештај за сите учебници од основно и средно образование. Ќе се разгледаат сите можности за децата од 1 септември да имаат учебници за тие предмети за кои досега се завршени повиците. За оние предмети за кои нема, ќе распишеме повик. Тоа се законски постапки кои треба да се отворат и потребно е минимум три месеци да завршат“, изјави Шаќири.

Директорот на Центарот за стручно образование Шериф Мифтари информира дека досега било дадено позитивно мислење за 147 книги за стручно образование.

„Од нашиот Центар е дадено 147 позитивни мислења за книги за стручно образование и обука. Сега работата е на Педагошката служба. Нашата надлежност е до тука, понатаму има други надлежни институции. Мерки се преземани, за ова можеме да зборуваме во септември. Проблемот не е од денеска, туку одамна, но ете нешто е почнато, се преземаат мерки“, рече Мифтари.

Во однос на проблемот со немањето парно во средното училиште „Здравко Цветковски“ во Скопје, каде учениците повеќе од една недела следат онлајн-настава, министерот Шаќири посочи дека училиштата треба да се обратат во локалните самоуправи, доколку општината не може да помогне тогаш да побараат помош од Владата.

„Училиштата треба да се обратат во општините, ако општините проценат дека не можат да помогнат во таква ситуацијата треба да се орбатат до Владата. Потоа економските ресори во Владата ќе треба да одлучат за тие потреби“, појасни Шаќири.

Според министерот, блок-дотациите што општините ги добиваат од Владата за училиштата се доволни.

Јетон Шаќири МОН учебници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.