НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шаленберг: Донацијата на 651.000 дози вакцини е доказ за посветеноста и солидарноста на ЕУ кон Западен Балкан

0
By Нова ТВ on April 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Австрија веднаш го прифати барањето на Европската комисија во февруари за координација при испорака на вакцини за Западен Балкан, бидејќи регионот е приоритет за австриската надворешна политика, вели во интервју за МИА шефот на австриската дипломатија Александер Шаленберг.

Станува збор за програмата на ЕУ за помош на соседните земји и Африка, со која Виена ќе координира за шесте земји од Западен Балкан, и од мај до август во регионов во неколку транши ќе испрати 651 000 дози на антиковид вакцината на Бионтек/Фајзер, од кои 119 000 за Северна Македонија.

-За оваа цел пред неколку дена ги склучивме договорите со сите шест партнери од Западниот Балкан, откако ги решивме сите прашања поврзани со самата испорака и правните аспекти. Австрија однапред ќе ги финансира вакцините. Земјите од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија, ќе бидат финансирани преку средства од ИПА II што Европската комисија ги одобри при крајот на декември минатата година. Така, сите 119.000 дози за Северна Македонија ќе претставуваат донација од страна на Европската унија и нејзините земји-членки, вели Шаленберг.

И покрај незадоволството од динамиката и распределбата на вакцините во некои земји членки, тој не се согласува со оценката дека ЕУ не успеа да обезбеди нивна рамномерна дистрибуција во членките почитувајќи го принципот на солидарност како една од темелните вредности.

-Европската комисија обезбедува вакцини за сите земји-членки на ЕУ. Унијата не падна на тестот туку ги исполнува очекувањата за солидарност што претставува едно од нејзините основни начела. Донацијата на 651 000 дози за Западен Балкан е доказ за посветеноста на ЕУ кон солидарност, бидејќи „никој не е безбеден се додека сите не се безбедни“, уверува Шаленберг.

Во однос на предложениот дигитален зелен сертификат, Австрија вели тој, целосно го поддржува како важен чекор кон олеснување на слободното и безбедно патување.

Во продолжение следи целосното интервју за МИА на австрискиот министер за надворешни работи Шаленберг.

Како дел од програмата на ЕУ за помош на соседните земји и Африка, со која Виена ќе координира  за шесте земји од Западен Балкан, најавивте дека Австрија планира до август да испрати 651.000 дози на вакцина против коронавирусот на Бионтек/Фајзер во регионов,  од нив 119.000 за С Македонија. Дали оваа помош е задоцнета?

-Имајќи во предвид дека Западниот Балкан е приоритет на австриската надворешна политика, Австрија веднаш го прифати барањето на Европската комисија во февруари за координација при испорака на вакцини за Западен Балкан. За оваа цел, ние обезбедивме 651.000 дози од вакцината на Бионтек/Фајзер и пред неколку дена ги склучивме договорите со сите шест партнери од Западниот Балкан, откако ги решивме сите прашања поврзани со самата испорака и правните аспекти. Во Северна Македонија ќе бидат испорачани 119.000 дози во неколку транши почнувајќи од мај до крајот на август.

Австрија однапред ќе ги финансира вакцините. Земјите од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија, ќе бидат финансирани преку средства од ИПА II што Европската комисија ги одобри при крајот на декември минатата година. Така, сите 119.000 дози за Северна Македонија ќе претставуваат донација од страна на Европската унија и нејзините земји-членки.

Во самата ЕУ процесот на дистрибуција на вакцини во земјите членки предизвика незадоволство поради оценката на некои од нив дека таа се одвива неправилно и спротивно на договорените принципи и оти некои земји се снабдени со многу помалку вакцини од другите. Дали ова значи дека ЕУ падна на тестот на сопствените принципи или сепак некои земји се попривилегирани од други?

-Европската комисија обезбедува вакцини за сите земји-членки на ЕУ. Унијата не падна на тестот туку ги исполнува очекувањата за солидарност што претставува едно од нејзините основни начела. Донацијата на 651.000 дози за Западен Балкан е доказ за посветеноста на ЕУ кон солидарност, бидејќи „никој не е безбеден се додека сите не се безбедни“.

Потврдите за вакцинација се дискриминирачки, велат од Светската здравствена организација (СЗО). Од друга страна ЕК во март предложи воведување на дигитален зелен сертификат, т.н. ковид-пасош за слободно движење во ЕУ за време на пандемијата, кој треба да биде подготвен за примена до крајот на јуни. Каков е ставот на Австрија за Ковид-пасошите?

-Целосно го поддржуваме предложениот дигитален зелен сертификат како важен чекор кон олеснување на слободното и безбедно патување. Овој сертификат не претставува „вакцинален пасош“, тој нема да биде достапен само за лица кои се вакцинирани, туку и за оние кои се тестирале или ја прележале болеста, со цел да се овозможат максимални придобивки. Воведувањето на овој сертификат ќе овозможи поголема мобилност и ќе даде поттик на економијата и туризмот во текот на летната сезона. Тој претставува перспективна излезна стратегија кон нормалноста на која сите се надеваме.

Виена стави јасно до знаење дека нема разбирање за блокадата на Бугарија на отворањето на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ и дека очекува за време на португалското претседателство брзо да се финализираат преговарачките рамки за првата конференција. Со оглед на природата на билатералниот македонско-бугарски спор и фактот дека во Софија по изборите во тек се консултации за формирање влада кои се мошне неизвесни, а во игра е и можноста за нови избори, колку се реални очекувањата за деблокада на стартот на преговорите со ЕУ?

-Јас бев длабоко разочаран од неможноста да се започнат пристапните преговори со Северна Македонија. Билатералните и историските прашања треба да бидат одвоени од овој процес. Ќе видиме како и кога ќе може да се формира нова влада во Бугарија. Кога и да се случи, двете страни не треба да губат време и треба да преземат конкретни чекори за меѓусебно приближување со цел да се ослободи патот за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ што е можно побрзо. Охрабрен сум од фактот дека партиите со нагласена националистичка агенда не беа наградени од страна на бугарските гласачи. Мојот добар пријател, заменик претседателот на Владата Никола Димитров беше во посета на Виена пред неколку дена и јас уште еднаш го уверив околу нашата поддршка за понатамошно приближување кон ЕУ. Северна Македонија е пример на ЕУ кандидат и направи се како што треба во процесот на пристапување кон ЕУ.

Со добиено зелено светло од Советот на ЕУ за старт на преговорите од март 2020 г. но, и нова блокада (овој пат од Софија) на евроинтеграциите, сериозно се нарушени кредибилитетот на Унијата и на процесот на проширување, а во ризик е ставена и стабилноста на регионот. Во ситуација на ќорсокак и тренд на растечки евроскептицизам особено кај младите во земјава, главно поради идентитетските прашања, како да се одржи динамиката на реформската ЕУ-агенда?

-Важно е да се најде решение на билатерално ниво помеѓу Бугарија и Северна Македонија без да се воведуваат овие прашања во процесот на проширување. Бугарија и Северна Македонија треба да просудат дали е потребно посредништво од трета страна. Доколку дојдат до таков заклучок, Австрија е секогаш подготвена да ги понуди своите капацитети.

Силни реакции на осуда предизвика нон-пејперот за менување на границите на Балканот, кој наводно произлегол од словенечкиот премиер Јанез Јанша, но никој не сака да застане јавно зад него. Како ја оценувате ваквата идеја и што значи тоа за регионот и ЕУ?

-Во однос на овој нон-пејпер, неговото авторство е се уште нејасно, па така не гледам причина за поголем коментар околу него. Сепак, една работа треба да биде јасна, а Австрија има цврст став околу тоа: територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина не е на располагање под никакви услови.

Европската унија деновиве ја објави онлајн платформа за „Конференцијата за иднината на Европа“ – широка јавна дебата за европскиот проект во следните 10 години, но не е предвидена можност за вклучување на граѓаните на Западниот Балкан во оваа дебата. Дали со тоа се маргинализира процесот на проширување како најуспешен инструмент на надворешната политика на Брисел?

-Австрија е посветена кон вклучување на земјите од Западен Балкан и нивните граѓани во Конференцијата за иднината на Европа. Овој процес е на самиот почеток и јас сум уверен дека ќе бидат најдени начини за нивно соодветно учество. Австрија јасно ја гледа иднината на земјите од Западен Балкан во рамките на ЕУ, па така и тие треба да се вклучат во оформувањето на идниот развој на Унијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.