Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шаленберг: Скопје и Софија да го решат спорот, ако им е потребен посредник Австрија им стои на располагање

0
By Нова ТВ on April 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Без оглед кога и да се случи формирањето на новата влада во Бугарија, двете страни не треба да губат време и треба да преземат конкретни чекори за меѓусебно приближување со цел да се ослободи патот за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ што е можно побрзо. Охрабрен сум од фактот дека партиите со нагласена националистичка агенда не беа наградени од страна на бугарските гласачи, вели во интервју за МИА шефот на австриската дипломатија Александер Шаленберг.

„Јас бев длабоко разочаран од неможноста да се започнат пристапните преговори со Северна Македонија. Билатералните и историските прашања треба да бидат одвоени од овој процес. Ќе видиме како и кога ќе може да се формира нова влада во Бугарија. Кога и да се случи, двете страни не треба да губат време и треба да преземат конкретни чекори за меѓусебно приближување со цел да се ослободи патот за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ што е можно побрзо“, вели Шаленберг на прашањето колку се реални очекувањата да ги започнеме преговорите со ЕУ за време на португалското претседателство.

Според него, важно е да се најде решение на билатерално ниво помеѓу Бугарија и Северна Македонија без да се воведуваат овие прашања во процесот на проширување, а дали е потребно посредништво од трета страна, тоа вели, двете земји самите треба да го просудат.

„Доколку дојдат до таков заклучок, Австрија е секогаш подготвена да ги понуди своите капацитети“, посочува Шаленберг.

Во однос на нон-пејперот за прекројување на границите на Балканот, кој наводно произлегол од словенечкиот премиер Јанез Јанша, првиот човек на австриската дипломатија не гледа причина за поголем коментар околу него, поради сѐ уште нејасното авторство на документот.

„Сепак, една работа треба да биде јасна, а Австрија има цврст став околу тоа: територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина не е на располагање под никакви услови“, порачува Шаленберг.

Шаленберг во интервјуто кое МИА целосно ќе го објави утре, говори и за улогата на Виена како координатор на помошта на ЕУ за Западен Балкан и најавената испорака на 651.000 дози од вакцината Бионтек/Фајзер од кои 119.600 за Северна Македонија, за ставот на Виена околу воведувањето на дигитален зелен сертификат, т.н. ковид-пасош, за процесот на дистрибуција на вакцини во самата ЕУ, како и за тоа дали Унијата падна на тестот на сопствените принципи за солидарност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.