Дарко Шариќ ги негираше наводите од обвинението кое го товари за шверц на повеќе од пет тони кокаин. „Поранешниот режим сакаше да го замагли својот криминал, а мене да ме претстави како крадец и убиец. Сите обвиненија се споени во една голема лага“, рече Шариќ при првото појавување пред Специјалниот суд.
Шариќ истакна дека се гледал и соработувал со многу влијателни и богати луѓе кои и денеска се на високи позиции.
„Најтешко ми паѓа за убиствата. Се појави Сретко Калиниќ ‘се наредуваше Шариќ’. Се чувствувам, како во некој американски филм“, рекол Шариќ, и истакнал дека е српски државјанин.
На прашањето на судијата Синиша Петровиќ какви му се приходите, тој одговорил дека го „издржува државата и дека може да го пофали затворскиот готвач“.
Сите обвинители акти ги примил само што за тоа била потребна помош од двајца стражари за да ги внесат во затворската келија.
Не се очекува Шариќ денеска да ја започне својата одбрана, бидејќи како што рече адвокатот Радослав Баќевиќ, времето на апсење и првото појавување на суд се премалку за да се подготви одбраната.
Шариќ се предаде на 18. март по четири и пол години бегство. Од Јужна Америка, преку Црна Гора беше префрлен во Белград каде му беше одреден притвор од два месеци.
За Дарко Шариќ се бараше со меѓународна потерница распишана во декември 2009. година. Против него се подигнати 13 обвиненија за здружување и вршење кривични дела, перење пари и трговија со дрога.
Според обвинението во 2009 година тој прошверцувал 5.754 килограми кокаин и „испрал“ најмалку 22 милиони евра во Србија.
Судењето на неговите соработници започна минатата година, шест споени обвинителни акти опфаќаат 39 членови на групата на Шариќ, но на обвинителна клупа на Специјалниот суд во Белград, освен Шариќ се најде и Димитриевиќ и уште 12 обвинети, останатите 15 се во бегство, девет ја признале вината, тројца добие статус на сведоци – соработници.