Москва: Директорот на руската Служба за надворешно разузнавање (СВР), Сергеј Наришкин, соопшти дека телефонски разговарал со својот американски колега,шефот на ЦИА, Џон Ратклиф, што е нивни втор официјален разговор од средината на март и во услови на сè поочигледно зближување меѓу Москва и Вашингтон.
-Телефонски разговарав со мојот американски колега и се согласивме дека ќе можеме да се јавиме во секое време за да разговараме за прашања што се од интерес за нас, рече Наришкин на руската државна телевизија, без да даде детали.
Наришкин, близок соработник на претседателот Владимир Путин, и Ратклиф претходно разговараа на 11 март, нивниот прв познат контакт по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа.
Во март, Сергеј Наришкин и Џон Ратклиф „се согласија да одржуваат редовни контакти“, објави руски извор.