„11 години сме немале избрано подофицери, не знам како е можно, и за овие три години ние се обидувавме, ама имавме едни избори, па други избори, и сега конечно дојде ред. Ако со нешто се гордеам за овие три години е тоа дека им се смени перцепцијата во армијата. Биле навикнати да им зборат, но никој ништо да не направи, е сега се прави. Ако на првиот конкурс за подофицери имавме 200 пријавени за 70 места, на последниот за 70 места имавме 700 кандидати, ова за мене е најголем комплимент. На крај, мислам дека армијата за прв пат стекна впечаток дека системот се враќа во нормала, дека тоа ќе го најавам нема да се заборави следната година.“- изјави Радмила Шекеринска, во „Топ тема“ на телевизија Телма, зборувајќи за се подоброто функционирање на војската, пред се забележано од страна на воените старешини.
Таа зборуваше и за стипендиите кои ќе им се даваа и на поинаков профил студенти, освен армиските.
„Сега со закон прецизираме да може армијата да ги стипендира студентите на факултети каде што имаме празнини во функционирањето на војската. Нам ќе ни требаат ИТ експерти, лекари, градежни инженери, машински инженери, кои нема да се само во АРМ, туку и дел од нашите капацитети за НАТО. Ќе можеме утре да испратиме и поинакви тимови, освен воени, за потребите на НАТО насекаде низ светот. Што значи овие млади ќе имаат НАТО кариера.“- рече Шекеринска.