Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Делиме евроатлантски вредности, се адаптираме на промените, ја штитиме колективната безбедност

0
By Нова ТВ on May 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамките на работната посета на Италија, министерката Радмила Шекеринска го посети Одбранбениот колеџ на НАТО во Рим, каде пред слушателите на напредниот курс, говореше на тема „Искуствата од првата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО“.

–Северна Македонија и сојузниците во Алијансата споделуваат исти, заеднички вредности и принципи – демократија, човекови права, владеење на правото. Нашиот заеднички пристап кон справувањето со сите сегашни и идни безбедносни предизвици е можеби најголемата предност од членството во најмоќната воено-политичка Алијанса во историјата, рече министерката Шекеринска и додаде дека денеска Северна Македонија од корисник прерасна во придонесувач кон глобалниот мир и безбедност, со свој глас во обликувањето на безбедносната агенда на Алијансата.

На престижната образовна институција во Рим за студии и истражувања на трансатлантските безбедносни прашања, министерката Шекеринска предупреди на важноста на одржувањето на европската и евроатлантска перспектива и интеграција на Балканот, како најдобра гаранција за стабилноста на овој дел од Европа.

По една деценија на стагнација, рече таа, Северна Македонија докажа дека за секој конфликт има решение, а НАТО го докажа кредибилитетот на својата политика на отворени врати и доби уште еден сојузник. На потег е ЕУ.

– Максимата на НАТО е – прилагоди се на промените. Нашиот нов статус на земја членка на НАТО во регионот сега е – извозник на стабилност. Посветеноста на Северна Македонија на вредностите на НАТО дава силен импулс на безбедноста и стабилноста на регионот. Тоа се и вредностите на ЕУ. Одговорноста на ЕУ да ги донесе вистинските одлуки и да ја одблокира европеизацијата на регионот, нагласи Шекеринска.

Во обраќањето, министерката се осврна и на развојот на капацитетите за тренинг и обука, особено на полигонот „Криволак“ кој самостојно, но и заедно со сојузниците го развиваме како еден од клучните капацитети на Алијансата за развој на интероперабилноста. Во контекст на развој на капацитети за обука, министерката го посочи и Регионалниот центар за односи со јавноста, етаблиран НАТО центар кој ќе ги прошири и засили своите капацитети во доменот на справувањето со дезинформациите и во пракса, но и преку зголемување на можностите за едукација и обука на домашен и НАТО персонал кој е посветен на борбата со лажните вести.

Со обраќањето на министерката Шекеринска на НАТО колеџот во Рим, како што информира Министерството за одбрана, заврши и нејзината работна посета на Италија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Британска армија: Брод се запали во Аденскиот Залив кај Јемен откако беше погоден од проектил

October 18, 2025

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025
ФОКУС

Брисел: Наместо одобрените 70 Македонија од ЕУ ќе добие само 16 милиони евра – не сме ги завршиле „домашните задачи“

ВЕСТИ October 18, 2025

Од 43 милиони евра за реформите до јуни 2025 земјата добива само 16 милиони за…

Локални избори 2025: Изборен молк – гласаат затворениците, болните и немоќните, лицата во старските домови …

October 18, 2025

ЦИВИЛ со нова акција: Прес центар и нтензивна комуникација со јавноста в недела за време на претстојниот изборен ден

October 17, 2025

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кандидатите уште денеска имаат можност да се претстават пред граѓаните

October 17, 2025
ТИКЕР

Британска армија: Брод се запали во Аденскиот Залив кај Јемен откако беше погоден од проектил

October 18, 2025

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.