Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеќеринска: Денес ќе го поправиме испуштеното во 2008 година

0
By Светлана Јовановска on July 11, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска е ден во кој можеме да го поправиме она што го испуштивме во 2008 година, изјави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска пристигнувајќи на самитот на НАТО кој започна утринава.

-Денеска е ден во кој можеме да го поправиме она што го испуштивме во 2008 година, рече таа пред новинарите.

Ова потсети на самитот на НАТО во Букурешт кога Македонија требаше да ја добие поканата за членство но беше одбиена поради грчкото спротивставување поради спорот со името. Во тоа време не помогна на инстистирањето и ветувањето на тогашниот американски претседател Џорџ Буш. Грција остана на својот став а неизговорената причина беше преименувањето на скопскиот аеродром и автопатот кон Грција со името на Александар Македонски.

Но денеска ситуацијата е поинаква а со договорот со Грција оваа земја се согласи да влеземе во НАТО. Земјите членки денеска ќе се согласат да и упатат на Македонија покана за да ги започне процедурите за зачленување.

-Мислам дека дури и на денешните дискусии на министерско ниво за надворешни работи и одбрана и на премиерско ниво, стана јасно дека една од недвосмислено најпозитивните одлуки на овој самит ќе биде поканата што ќе ја добие Македонија. Денеска сите ја искористија можноста да и’ честитаат на Македонија за огромниот пробив и целиот аудиториум не’ награди со аплауз зашто се свесни дека ова е историски ден за Македонија, но важен е и за НАТО, рече министерката за одбрана. И изрази уверување дека референдумот во Македонија ќе биде успешен.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.